Разлика помеѓу преработките на „Ајдутство“

Одземени 2 бајти ,  пред 1 година
с
 
==Ајдучки песни==
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во [[19 век]], а некои и во [[18 век]]. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонесло за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од [[16 век]] ([[Старина Новак]], Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на [[Сараево]] и на планината [[Романија (планина)|Романија]]. Исто така, голем е циклусот посветен на [[Бајо Пивљанин]] и неговата дружина од [[17 век]], која дејствувала околу [[Бока Которска]], а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот [[Мијат Томиќ]] (кој дејствувал во [[Босна]]), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и [[смрт]]та на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „[[Старина Новак и кнезот Богосав]]“, „[[Старина Новак и Дели-Радивој]]“, „[[Новак и Радивој го продаваат Груица]]“, „[[Груица и Арапот]]“, „[[Стариот Вујадин]]“, „[[Костреш Арамбаша]]“, „[[Малиот Радоица]]“, „[[Зошто Бајо заминалзамина во ајдуци]]“, „[[Човек-паша и Михат-чобанот]]“, итн.<ref>„Песме о хајдуцима“, во: ''Хајдуци''. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.</ref>
 
==Ајдутството како тема во уметноста==