Лихтенштајн: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 118:
== Спорт во Лихтенштајн ==
 
Фудбалските тимови на Лихтенштајн играат под раководство на швајцарската фудбалска лига. Фудбалскиот куп на Лихтенштајн и овозможува секоја година на најдобрата екипа да влезе во Купот УЕФА: најчесто станува збор за [[ФК Вадуц|фудбалскиот клуб Вадуц]], кој инаку игра во Втората швајцарска лига. [[ФК Вадуц]] својот најголем успех го постигнал во Лигата на шампионите во 1996 година со победата врз Летонците од ФК Университате Рига со резултат 4:2. Во наредното коло се сретнале со [[ФК Париз Сен Жермен|Париз Сен Жермен]], од чија страна биле елиминирани од натпреварувањето со вкупен резултат 7:0 (0:4 во [[Вадуц]] и 3:0 во [[Париз]]).
 
Фудбалската репрезентација на Лихтенштајн традиционално претставува лесен плен за било кој противник. Меѓутоа Лихтенштајн имале една извонредна недела во есента 2004 година, за време на квалификациските натпревари за влез на [[Светско првенство во фудбал 2006|светското фудбалско првенство во фудбал 2006]] година, изборувајќи нерешен резултат 2:2 во дуелот со [[Фудбалска репрезентација на Португалија|Португалија]] (во Вадуц), за после тоа да триумфира против [[Фудбалска репрезентација на луксембург|Луксембург]] со резултат 4:0. Натпреварувањето го завршиле како претпоследни во својата квалификациска група со освоени 8 бодови (нерешен резултат со Португалија, победа над Луксембург, нерешено со репрезентацијата на Словачка (0:0) и уште една победа против Луксембург (3:0).
 
Како планинска земја, Лихтенштајн постигнува доста добри резултати во [[Зимски спортови|зимските спортови]], особено во [[Алпско скијање|алпското скијање]]: [[Хани Венцел]] така освоила два медала на зимските олимписки игри во Лејк Плес (Соединетите Американски Држави) во 1980 година.
 
Вкупно, спортистите на оваа држава успеале да освојат 8 олимписки медали (две златни,две сребрени и пет бронзени).