Битка кај Ватерло: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
 
'''БиткатаБитка кај Ватерло''' e последната и одлучувачка битка од [[Наполеонски војни|Наполеонските војни]], со што престанала француската доминација на [[Европа|Европскиот]] [[континент]] и придонесла за драстични промени во политичките граници и рамнотежата во политичката моќ. Водена на [[18 јуни]] [[1815]], близу Ватерло {{coord|50|40|45|N|4|24|25|E}}, сега во [[Белгија]], битката претставува голем момент на пресврт во модерната историја.
 
Кога Наполеон по втор пат застанал на тронот на [[Франција]], по бегството од островот [[Елба]], здружените сили на [[Британија]], [[Обединети Ниски Земји]], [[Хановер]], [[Насау]], [[Брауншвајг-Линебург|Брауншвајг]] и [[Прусија]], близу белгиското село Ватерло, го поразиле Наполеон и ставиле крај на неговите амбиции за освојување на цела Европа. На [[22 јуни]] [[1815]], Наполеон потпишал [[капитулација]] и до крајот на својот живот останал во прогонство на [[остров]]от [[Св. Елена (остров)|Св. Елена]] во јужниот дел на [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]].
Ред 28:
Во [[Париз]], Наполеон дознавајќи за планот за напад, бргу одлучил да ги нападне сојузниците на нивна територија, пред да се формира нивната војска. Со карактеристична енергија и одлучност, за два месеца, тој мобилизирал 360.000 обучени војници. Половината од оваа војска ја оставил во Франција како обезбедување, а останатите ги групирал во нападни единици. На [[14 јуни]] [[1815]] година, Наполеон, движејќки се со полна брзина и потполна дискреција, ја достигнал француско-белгиската граница со 124.000 војници, додека 56.000 војници биле оставени во позадина, како поддршка. Од другата страна на белгиската граница биле две одделни сојузнички војски: поголемата војска од 116.000 [[Пруси]] и [[Саксонци]], предводени од прускиот [[маршал]] Гебхарт Леберхарт вон Блихер, била поставена кај [[Намир]], а одделни делови од Блихеровата војска била стационирана западно од градовите Гили и Черлерој. Војска од 93.000 [[Британци]], [[Данци]] и [[Германци]] била поставена кај [[Брисел]], со позадина во селото Кварте-Бра. Водачот на оваа [[армија]], британскиот маршал [[Артур Велсли]], прв [[Војвода од Велингтон]], бил командант на сојузничките сили. Наполеон планирал да ги нападне двете војски со идеја да ги раздели и да ги уништи, а потоа да се спогоди со [[Руси]]те и [[Австријци]]те. За да го изведе овој план, тој ја поделил својата војска во две нападни крила и стратешка резерва, која се сочинувала од доверливи ветерани, позната како „[[Стара Гарда]]”.
<br />
На [[15 јуни]] [[1815]], Наполеон ја преминал белгиската граница и ги изненадил сојузниците. По минувањето на [[река]]та Самбре[[Самбра]], [[Французи]]те ги забележале Прусите, кои напредувале накај Черлерој. Тогаш, Наполеон му наредил на своето лево крило, под команда на маршалот Мичел Неј, да ја нападне бригадата на Велингтоновата коњаница кај Катр-Бра, 19 км [[север]]но од Челерој, а десното крило, под команда на [[генерал]]от [[Емануел де Гручи]], да се придвижи источно против пруската бригада стационирана во градот Гили. Доцна попладне, на 15 јуни, Гручи ја исполнил својата мисија и пристигнал до точката близу селото Флерус, каде биле концентрирани корпуси од Блихеровите војници. Со паѓањето на ноќта, на првиот ден од битката, Наполеоновата војска ја одржувала предноста. Императорот успеал да ја постави војската помеѓу елементите на војските на Велингтон и Блихер, а неговата централна сила била на позиција да ги нападне или лево англо-данската војска или десно пруската војска. На [[16 јуни]], Наполеон се придвижил кон неговите резерви од Челерој кон Флерус и лесно го победил прускиот корпус. Тогаш, отишол северно до Лињи за да го пресретне Блихер, кој со својата војска се утврдил западно од Намир, надевајќи се дека ќе ги пресретне Французите.
 
== Лињи и Катр-Бра ==
Ред 50:
Во меѓувреме, жестоки пешадиски и коњанички битки се воделе на самиот срт од [[висорамнина]]та, јужно од Мон-Сен-Жан, при што главните сили на Велингтон биле засолнети. Во сите прилики, француските напади биле жестоко одбивани. Околу 16 часот, дополнителните сили на Блихер, кој чекале поволен момент, влегле во битката и ги принудиле Французите да се повлечат околу 0.8 км. Противнапад ги повратил француските линии и ги притиснал Прусите назад околу 1.6 км, кон североисток. Кратко по 18 часот, Неј се пробил длабоко до англо-холандскиот центар и сериозно ја загрозил целата борбена линија на Велингтон. Велингтон, сепак, се спротиставил и Неј бил одбиен назад.
 
Наполеон тогаш извршил очајничка дефанзива, во кој ги вклучил сите пет баталјони од неговата Стара Гарда да го нападнат центарот на сојузниците. [[Пешадија]]та на сојузниците, во формација на празни квадрати, нанеле тешки загуби на французите, уништувајќи ја офанзивата. Иако Наполеон ги регрупирал скршените сили и пак напднал, ситуацијата на французите станала безнадежна. Околу 20 часот, Прусите, кои зазеле позиција лево од линијата на Велингтон, минале директно низ десното крило на Наполеон, фрлајќи голем дел од трупите на Наполеон во паника. Само една успешно изведена акција на неколку баталјони од старата гарда овозможиле императорот да побегне. Велингтон и Блихер се договориле да тргнат по потера на војската на Наполеон која се повлекувала. За врее на ноќта на 18 јуни, Прусите ги прогониле Французите преку реката СамбрСамбра.
 
== Жртви ==