Разлика помеѓу преработките на „Никола Вапцаров“

 
Во песната „[[Илинденска (песна)|Илинденска]]“ Вапцаров се јавува како обвинувач против оние што предвреме го кренале [[Илинденското востание]], иако биле свесни дека не е доволно организирано, нема да успее и дека потоа би имале „морално“ право да докажуваат дека без „братската“ помош, без воената интервенција од бугарска страна, македонскиот народ не би можел да се ослободи. Според Вапцаров, сторена е „сотонска вина“ кон тој народ, но историјата ќе го каже својот суд. И самиот [[Гоце Делчев]] бил против предвременото кревање на востанието. Но, него го ликвидирале со посредство на предавници и тука веќе ништо не можело да се стори. Гласачката машина на софискиот двор се наложила. Поентата на песната е јасна: дека Македонците ја сакаат слободата, издвојувана со сопствени сили, онака како што ја замислувал [[Гоце Делчев]]; сè за слободна [[Македонија]]<ref>Георги Сталев, ''Литература на македонскиот јазик'', Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 158.</ref>.
 
===Песната „Историја“===
„Историја“ е можеби најкарактеристичната песна која ја објаснува поетиката на Вапцаров. Во неа се открива најилустративно идејно-содржинските релации во поезијата на Вапцаров - конкретноста, одреденоста и опредметеноста како најважни моменти во неговата поезија.
тој настојува да раскаже за простата човечка драма, за тагата и надежите на неговите современици, за неговиот таканаречен молчалив хероизам, за [[стоицизмот]] на неуштивиот народ. Според [[Розалија Ликова]], два неразделни моменти ја создаваат монументалноста на оваа песна: суровиот [[реализам]] и големиот разговор со епохата и со [[историја]]та. Во поезијата на Вапцаров, одделното „јас“ се крева од масовното „ние“, како што е случај со целата [[Пролетеријат|пролетерска]] поезија, но со еднаква сила се забележува и обратен процес - во неговите стихови, народот е индивидуализиран, конкретен образ кој живее во одделниот човек. „Историја“ носи грандиозен мотив: мажествен и чесен разговор со историјата, кој е провокативен, предизвикувачки, луциден и ироничен. Во песната, Вапцаров како да му пее химна на триумфалното „ние“ - малите, непознати луѓе. Гордост и дрскост има во желбата на поетот да го изрази титанизамот на епохата во делата на обичните луѓе, да ја симне историјата до обичниот човек, а него да го крене до височините на историјата. Според Ликова, во тоа очовечување на историјата прозвучува гордото вапцаровско „јас сум!“ и „историјата е со нас!“<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 28-30.</ref>