Разлика помеѓу преработките на „Никола Вапцаров“

нема опис на уредувањето
}}
 
'''Никола Јонков Вапцаров''' ([[7 декември]] [[1909]] - [[23 јули]] [[1942]]) — [[македонци|македонски]] писател со [[бугарија|бугарско]] граѓанство, комунист, роден во [[Банско (град)|Банско]], [[Пиринска Македонија]] (денес [[Бугарија]]).<ref>[http://focus-news.net/?id=n1301207 Елена Вапцарова в писмо от 1968 г.: Родината за Вапцаров е България, 20 ноември 2009, Агенция „Фокус“]</ref> Вапцаров бил член на [[Сојуз на бугарските писатели|Сојузот на бугарските писатели]], а посмртно бил добитник на почесната [[Меѓународна награда за мир]], во [[1952]] година.
 
Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу [[Македонци]]те кои твореле на други јазици, освен на [[македонски]]от. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни песни“ (''Моторни пѣсни'') содржи 20 песни, напишани на [[бугарски јазик]].<ref>Никола Йонков. ''Моторни пѣсни'', София, 1940.</ref> Нему му припаѓа едно од видните места во [[бугарска литература|бугарската литература]], иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на [[бугарски јазик]]. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.<ref>Георги Сталев, ''Литература на македонскиот јазик'', Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.</ref>