Галактичко јато: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
'''Галактичко јато''' (или '''јато галаксии''') — склоп сочинет од стотици до илјадници [[галаксија|галаксии]] кои се меѓусебно сврзани под силата на [[гравитација]]та<ref name="Hubble protocluster" /> Претставуваат најголемите гравитациски врзани структури во [[вселена]]та и сè до 1980-тите се сметале за најголемите структури воопшто, пред откривањето на [[суперјато|суперјатата]].<ref name="Kravtsov2012">{{Cite journal | last1 = Kravtsov | first1 = A. V. | last2 = Borgani | first2 = S. | doi = 10.1146/annurev-astro-081811-125502 | title = Formation of Galaxy Clusters | journal = Annual Review of Astronomy and Astrophysics | volume = 50 | pages = 353–409 | year = 2012 | pmid = | pmc = |arxiv = 1205.5556 |bibcode = 2012ARA&A..50..353K }}</ref> Гледани како целина, обично имаат 10<sup>14</sup>–10<sup>15</sup> [[Сончева маса|Сончеви маси]]. Една од нивните клучни одлики е [[внатрејатна средина|внатрејатната средина]], која се состои од загреан гас помеѓу галаксиите и температура од 2 до 15 [[килоелектронволт|keV]], зависно од збирната маса на јатото. Помалите склопови на галаксии се нарекуваат [[галактичка група|галактички групи]]. Самите групи и јата можат да бидат групирани заедно, образувајќи суперјата.
 
Познати галактички јата во релативна близина се [[Девица (јато)|Девица]], [[Печка (јато)|Печка]], [[Херкул (јато)|Херкул]] и [[Береникина Коса (галактичко јетојато)|Береникина Коса]]. [[Рамнило (јато)|Рамнило]] е главна составница на [[Голем Привлекувач|Големиот Привлекувач]], кој претставува посебно голем збир од галаксии, чија маса е толку голема што влијае врз [[Хаблов закон|месното ширење на вселената]]. Позначајни јата во далечната вселена се [[SPT-CL J0546-5345]] и [[SPT-CL J2106-5844]], кои се најмасивните јата настаните во раниот развој на вселената. Во последните децении е утврдено дека тие се битни места на честично забрзување, откриено набљудувајќи ги нетоплинските расеани радиозрачења, како што се радиоореолите и радиоостатоците. Во многу галактички јата се среќаваат и структури како студени предници на [[ударен бран|ударни бранови]], утврдени со рендгенски набљудувања од опсеваторијата „[[Чандра (вселенска опсерваторија)|Чандра]]“.
 
==Основни одлики ==