Трилион: Разлика помеѓу преработките

бројка која изнесува милион билиони по долгата (македонска) скала или милион милиони по кратката скала
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Трилион''' (од {{lang-fr|trillion}}) — поим кој може да се однесува на два различни броја: ==...
(нема разлика)

Преработка од 08:51, 23 јули 2019

Трилион (од француски: trillion) — поим кој може да се однесува на два различни броја:

Долга скала (македонска употреба)

  • 1.000.000.000.000.000.000 (милион билиони)[1] или десет на осумнаесетти степен (1018) според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ милион пати поголем од трилионот на кратката скала (подолу).

Кратка скала

  • 1.000.000.000.000 (милион милиони) или десет на дванаесетти степен (1012) според кратката скала. Претставува износ истоветен на билионот во долгата скала.

Денес кратката скала е сеприсутна во англојазичните земји. Во САД е усвоена многу одамна, преку Франција.[2] Додека пак Британија официјално се префрлила на оваа скала дури во 1974 г., иако наоѓала примена во техничката литература и новинарството уште од 1950-тите; денес британскиот трилион во долгата скала се јавува поретко.[3]

Поврзано

Наводи

  1. „трилион“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „billion, n.“. OED Online. Oxford University Press. Посетено на 15 јуни 2019.
  3. Cracknell, Richard; Bolton, Paul (јануари 2009). Statistical literacy guide: What is a billion? And other units (PDF) (Report). House of Commons Library. Посетено на 10 јули 2015.