Отвори го главното мени

Промени

Додадени 5.106 бајти ,  пред 1 месец
 
====Крстоносен период====
 
Сирија била поделена и контролирана од француски, англиски, италијански и германски господари меѓу 1098 и 1189 година за време на [[Крстоносните војни]] и земјите биле познати колективно како [[Крстоносни држави|држави на крстоносците]], меѓу кои главната во Сирија била [[Кнежевство Антиохија|Антиохија]]. Крајбрежниот планински регион, исто така, бил делумно зафатен од Низарите или т.н. [[Асасини]], кои наизменично се соочувале со конфронтации и примирје со државите на крстоносците. Подоцна во историјата кога „''Низарите се соочија со обновените франкиски непријателства, добија навремена помош од Ајубидите''“<ref>Farhad Daftary. ''A Short History of the Ismailis.'' 1998, Edinburg, UK. Edinburg University Press. Page 146.</ref>.
 
По еден век на владеење на [[Селџуци|Селџуците]], Сирија во голема мера била освоена (1175-1185) од курдскиот воен лидер [[Саладин]], основач на династијата [[Ајубиди]] во [[Египет]]. Алеп паднал во рацете на [[Монголското Царство]] во јануари [[1260]] година и [[Дамаск]] во март, но потоа монголскиот хан Хулегу бил принуден да го прекине нападот и да се врати во [[Кина]] за да се справи со спорот за наследство.
 
Неколку месеци подоцна, [[Мамелучки Султанат (Египет)|Мамелуците]] пристигнале со војска од Египет и ги порази монголските сили во [[битка кај Ајн Џалут|битката кај Ајн Џалут]] во [[Галилеја]]. Водачот на Мамлуците, [[Бајбарс]], го направи Дамаск главен град на провинцијата. Кога умрел, моќта ја презел [[Калавун]]. Во меѓувреме, еден емир наречен Сункур ел-Ашкар се обидел да се прогласи за владетел на Дамаск, но тој бил поразен од Калавун на 21 јуни 1280 година и побегнал во северна Сирија. ел-Ашкар, кој се оженил со монголска жена, апелирал за помош од [[Монголското Царство]]. Монголците на [[Илханат|Илханатот]] го освоиле градот, но Калавун го убедил ел-Ашкар да му се придружи, а тие се бореле против Монголците на [[29 октомври]] [[1281]] година, во [[Втора битка кај Хом|Втората битка кај Хом]], која ја добиле Мамулците<ref>{{cite book |title=Timeframe AD 1200–1300: The Mongol Conquests |publisher=Time-Life Books |year=1989 |isbn= 978-0-8094-6437-1|pages=59–75}}</ref>.
 
Во 1400 година, [[Тимур]] ја нападнал Сирија, освојувајќи ги Алеп и Дамаск по победата над војската на Мамулците. Жителите на градот биле масакрирани, освен занаетчиите, кои биле депортирани во [[Самарканд]]. Тимур, исто така, спровел специфични масакри на арамејските и асирските христијански жители, во голема мера намалувајќи го нивниот број<ref>{{cite web|url=http://www.everything2.com/index.pl?node_id=1433425 |title=Battle of Aleppo |publisher=Everything2.com |date=22 February 2003 |accessdate=25 January 2013}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.metmuseum.org/toah/ht/08/wae/ht08wae.htm|archiveurl=https://web.archive.org/web/20090428055820/http://www.metmuseum.org/toah/ht/08/wae/ht08wae.htm|archivedate=28 April 2009 |title=The Eastern Mediterranean, 1400–1600 A.D |publisher=Metmuseum.org |accessdate=23 April 2011}}</ref>. До крајот на 15 век, откривањето на поморскиот пат од Европа до Далечниот Исток ја прекинала потребата за копнен трговски пат низ Сирија.
 
====Отомански период====
[[File:Syrian women, Description de L'Universe (Alain Manesson Mallet, 1683) (cropped).jpg|thumb|Сириска жена, 1683]]
 
== Географија и клима ==