Отвори го главното мени

Промени

Додадени 2.984 бајти ,  пред 2 месеци
нема опис на уредувањето
'''Сирија''' ({{lang-ar|سورية}}) или официјално '''Сириска Арапска Република''' ({{lang-ar|الجمهورية العربية السورية}}) — држава во [[Југозападна Азија]] која граничи со [[Либан]] на југозапад , [[Средоземното Море]] на запад, [[Турција]] на север, [[Ирак]] на исток, [[Јордан]] на југ, и [[Израел]] на југозапад. Земјата имаплодни рамнини, високи планини и пустини и е дом на различни етнички и религиозни групи, вклучувајќи ги и [[Сириски Арапи|Сириските Арапи]], [[Грци]], [[Ерменци]], [[Асирци]], [[Курди]], [[Черкези]], [[Мандејци]] и [[Туркемени]]. Религиозни групи вклучуваат [[сунизам|сунити]], [[христијани]], [[алавити]], [[друзи]], исмаили, манданци, шиити, евреи. Сунитите ја сочинуваат најголемата религиозна група во Сирија.
 
Сирија е унитарна република составена од 14 гувернери и е единствената земја која политички го поддржува [[Баасизам|Баасизмот]]. Таа е членка [[Обединетите Нации]], [[Движењето на неврзаните]] и е суспендирана од [[Арапска лига|Арапската лига]] во ноември [[2011]] година<ref name="NYT Arab League">{{cite news |url=https://www.nytimes.com/2011/11/13/world/middleeast/arab-league-votes-to-suspend-syria-over-its-crackdown-on-protesters.html |title=Arab League Votes to Suspend Syria |date=12 November 2011 |work=The New York Times |accessdate=12 November 2011 |first=Neil |last=MacFarquhar }}</ref> и [[Организација за исламска соработка|Организацијата за исламска соработка]]<ref name="CNN OIC">{{cite news |url=http://edition.cnn.com/2012/08/13/world/meast/syria-unrest/index.html?hpt=hp_t1 |title=Regional group votes to suspend Syria; rebels claim downing of jet |date=14 August 2012 |publisher=CNN |accessdate=14 August 2012 }}</ref>, и од [[Медитеранска Унија|Медитеранската Унија]]<ref>{{cite news |url=http://news.xinhuanet.com/english2010/world/2011-12/01/c_131282989.htm |title=Syria suspends its membership in Mediterranean union |date= 1 December 2012 |agency=Xinhua News Agency }}</ref>.
 
Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион [[Левант]], но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. [[Дамаск]], денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот [[Омејади|Омејадски Калифат]], како и седиште на [[Мамлучки Султанат|Мамлучкиот Султанат]]. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.<ref>[http://web.archive.org/web/20061111111827/http://ancientneareast.tripod.com/Ramad.html Neolithic Tell Ramad in the Damascus Basin of Syria]. Retrieved 2010-02-01.</ref><ref>{{cite web|url = http://ancientneareast.tripod.com/Ramad.html |archiveurl=https://web.archive.org/web/20061111111827/http://ancientneareast.tripod.com/Ramad.html |archivedate=11 November 2006 |title=Neolithic Tell Ramad in the Damascus Basin of Syria |publisher= Archive |accessdate=25 January 2013}}</ref>
 
Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април [[1946]] година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од [[1949]] до [[1970]] година. Уште од [[1962]] година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.<ref>[http://www.freedomhouse.org/template.cfm?page=22&year=2009&country=7713 Freedom on the world report]. Retrieved 2010-02-01.</ref>
 
Сирија е владеена од партијата ''„Бат“'' уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален [[претседател на Сирија]] е [[Башар ел-Асад]], кој е на таа позиција по втор пат. Башар ал-Асад е син на [[Хафиз ал-Асад]]<ref name="The Sturdy House That Assad Built">{{cite web |url=http://www.foreignaffairs.com/articles/67561/michael-broening/the-sturdy-house-that-assad-built |title=The Sturdy House That Assad Built |date= 7 March 2011 |author=Michael Bröning |publisher=The Foreign Affairs }}</ref>, [[претседател на Сирија]] од [[1970]] до [[2000]] година.<ref>[http://www.bartleby.com/65/ba/Baathpar.html Baath Party] The Columbia Encyclopedia Sixth Edition 2001–05. Retrieved 2007-06-13.</ref><ref name="autogenerated1">{{cite web|url=http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/3580.htm |title=Syria (05/07) |publisher=State.gov |date= |accessdate=2008-10-25}}</ref> Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на [[Израел]] со арапските држави.
 
Од март 2011 година, Сирија е вовлечена во [[Граѓанска војна во Сирија|вооружен конфликт]], при што голем број земји во регионот и пошироко се вклучени воено или на друг начин. Како резултат на тоа, голем број на самопрогласени политички ентитети се појавиле на сириска територија, вклучувајќи ја и [[Сириска опозиција|Сириската опозиција]], [[Западен Курдистан|Рохава]], [[Тахрир ел-Шам]]
и [[Исламска Држава|Исламската држава Ирак и Левант]]. Сирија е рангирана како последна на Глобалниот индекс на мирот, поради што стана најнасилна земја во светот поради војната. Војната убила повеќе од 570.000 лица<ref>http://www.syriahr.com/en/?p=120851</ref>, предизвикала 7,6 милиони внатрешно раселени лица (проценка на УНХЦР од 2015 година) и повеќе од 5 милиони бегалци (во јули 2017 година регистрирани од УНХЦР)<ref>{{cite web|url=http://data.unhcr.org/syrianrefugees/regional.php|title=UNHCR Syria Regional Refugee Response|first=United Nations High Commissioner for Refugees|last=(UNHCR)}}</ref>.
 
Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е [[Алеп]]. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 км<sup>2</sup> каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се [[Арапи]], додека остатокот вбројува [[Курди]], [[Ерменци]] и [[Туркмени]].<ref name="autogenerated1"/> Официјален јазик во државата е [[арапски]]от, додека најголема религија е [[ислам]]от.