Ерфурт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Цркви, манастири и синагоги: Westportal-Kartaeuserkirche-Erfurt-2015-05.jpg
сНема опис на уредувањето
Ред 36:
}}
 
'''Ерфурт''' ({{lang-de|Erfurt}}<ref>{{cite book|last1=Манголд|first1=Макс|title=Речник за изговарање|chapter= Ерфурт|publisher=Дуден Ферлаг|year=2005|location=Манхајм, Лајпциг, Виена, Цирих|pages=311|url= http://www.duden.de|accessdate =22 јуни 2011|isbn=978-3-411-04066-7}}</ref>) — [[главен град]] на [[Тирингија]] и е еден од поголемите градови блиску до географскиот центар на [[Германија]], сместен на 100 километри југозападно од [[Лајпциг]], 150 километри северно од [[Нирнберг]] и 180 километри југоисточно од [[Хановер]]. Заедно со соседните градови [[Вајмар]] и [[Јена]] ја создава средишната метрополитенска област на Тирингија со над половина милион жители. Познати институции во Ерфурт се Сојузниот суд за труд на Германија, Универзитетот Ерфурт и Високата школа Ерфурт, како и Римокатоличната бискупија Ерфурт со [[Ерфуртска катедрала|Ерфуртската катедрала]] како една од главните знаменитости. Други познати згради се Кремербрике (''Krämerbrücke''), мост целосно покриен со градби и [[Ерфуртска синагога|најстарата синагога]], која сè уште постои во Европа, изградена во 11 век. Средновековниот центар на градот се состои од стари [[фахверк]] куќи и околу 25 готски цркви.
 
Ерфурт бил прв пат споменат во 742, кога Свети Бонифациј ја основал Бискупијата. Иако политички градот не припаѓал на една од тирингиските држави, брзо станал економски центар на регионот. До времето на Наполеон бил дел од Електоратот Мајнц, а потоа припаѓал на [[Прусија]] до 1945. Универзитетот бил основан во 1392, затворен во 1816 и повторно основан по повторното обединување на Германија во 1994. Кога бил отворен бил трет универзитет во Германија, но некои документи посочуваат дека постоел од 1379 и поради помеѓу историчарите се води дебата дали универзитетот е најстар во Германија. [[Мартин Лутер]] бил најпознат студент на универзитетот.
Ред 328:
'''Улици и плоштади:'''
* Трговскиот мост или Кремербрике (''Krämerbrücke'') е најпознатата знаменитост на Ерфурт. Овој мост од 15 век е целосно покриен со градби и единствен во Европа, северно од Алпите. Денес, внатре во куќите постојат некои занаетчиски работилници и сувенирници.
* Катедралниот плоштад (''Domplatz'') е најголемиот плоштад во Ерфурт и еден од најголемите историски главни плоштади во Германија. Катедралата и Црквата Св. Север на неговиот западен дел се достапни преку катедралните скали („Domstufen“), големи надворешни скалила. На северната страна се наоѓа судот, историцискаистористичка градба од 1880. Источната и јужната страна се опградени со модерни трговски куќи. На плоштадот е фонтаната Минерва од 1784 и обелискот Ертал од 1777. Катедралниот плоштад е главната локација на Божиќниот пазар во Ерфурт во текот на декември и место на Фестивалот Катедрални скали („DomStufen-Festival“), театарски летен фестивал на отворено.
* Рибарскиот плоштад (''Fischmarkt'') е главниот плоштад во центарот на градот. Опкружен е од ренесансни трговски куќи и градското собрание, неоготска градба од 1882. Во средината на плоштадот е скулптурата Римјанин („Römer“), симбол на независноста на градот, поставена од граѓаните во 1591.
* Малиот плоштад (''Wenigemarkt'') е мал плоштад на источната страна на реката Гера (спроти Рибарскиот плоштад на западната страна), опкружен од модерни трговски куќи. Фонтаната на овој плоштад со скулптурата „Парталави момчиња“ била поставена во 1975. Денес, Малиот плошта е познат како тивок плоштад со разни кафулиња и барови. Веднаш со Малиот плоштад во улицата Футер е градбата во која се одржал Ерфуртскиот конгрес во 1808.
* Ангер (''Anger'') е развлечен плоштад во источниот дел на центарот на градот. Сите трамвајски линии се поврзани тука, па така станал нов центар на градот во текот на 20 век со многу важни градби. На неговата северна страна е главната пошта, изградена во 1886 во неоготски стил со нејзината позната саат-кула. На североисток постои споменикот на Мартин Лутер од 1889 пред Трговската црква. Помеѓу црквата и манастирот Урсулин се наоѓа стоковната куќа Ангер 1 од 1908. На јужната страна веднаш до улицата Штацион е музејот Ангер, музејот за историја на уметноста во Ерфурт, кој е сместен во барокната палата од 1711. Западниот дел на плоштадот Ангер е опкружен од големи историцискиистористички бизнисделовни градби од крајот на 19 век. На западниот крај на плоштадот се наоѓа фонтаната Ангербрунен од 1890. Језуитскиот колеџ близу улицата Шлесер бил изграден во 1737 и користен до забраната на Језуитите во 1773.
* Плоштадот [[Вили Брант]] е јужната порта кон центарот на градот пред главната железничка станица. Спроти станицата е поранешниот хотел „Ерфуртер Хоф“ („Erfurter Hof“), каде се случила првата средба помеѓу двата германски канцелара во 1970. На западната страна е зградата на старата станица Ерфурт (1847-1895) со саат-кула и поранешното седиште на Тирингиската Железница.
* Еленска градина (''Hirschgarten'') е мал парк пред седиштето на владата на Тирингија во западниот дел од центарот. Седиштето на министерот-претседател е ренесансно-барокната палата од 17 век („Kurmainzische Statthalterei“).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ерфурт