Кипар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 163:
=== Независност ===
[[Податотека:Bundesarchiv B 145 Bild-F012976-0007, Bonn, Staatsbesuch Präsident von Zypern.jpg|мини|лево|Првиот претседател на Кипар, Макариј III]]
Во 1950-тите години, кипарското прашање повторно станало предмет на расправа од страна на [[Грчки Турци|Грчките Турци]], кога архиепископот [[Макариос III]] направил сојуз со Грција, и заедно со [[EOKA]] извршиле паравоени дејства на островот - главно против [[Англија]], но исто така ѝ нанеле колатерална штета и на другите партии и цивили. Конечно, грчкиот премиер [[Александар Папагос]] кипарското прашање го поставил пред [[ООН]].
Својата независност Кипар ја добил на [[1 август]] [[1960]] година. Прв претседател а истоивремено и архиепископ бил [[Макариј III]] (1913-1977). По тој начин, тој раководел со црковната и административната власт во државата. На [[20 јули]] [[1974]] година турската војска го зазеле северното крајбрежје. Непризнаената турска држава на Кипар постои до ден денес.
 
Турските националистички чувства се зголемиле на идејата на Грција дека [[Кипар]] ќе биде отстапен на Грција. Како одговор на тоа, Грција ги прекинала дипломатските односи со Турција, а со тоа се распаднал и [[Балкански пакт (1953)|Балканскиот пакт]]. Во [[1960]] година било пронајдено компромисно решение околу кипарското прашање. Кипар станал независен. Грчките и турските војници се стационираниле на островот за да ги заштитат своите области. Грчкиот премиер [[Константин Караманлис]] бил главниот архитект на овој план, кој довел до итно подобрување на односите со Турција, особено откако [[Аднан Мендерес]] бил отстранет од власта во [[Турција]] преку воен удар во 1960 година.
 
Но во текот на [[1963]]-[[1964]] година, немирите на островот биле обновени. Во [[1963]] година Макариос предложил 13 уставни амандмани, кои би го овозможиле нормалното функционирање на Кипар. Веднаш започнале немирите помеѓу Турците и Грците. На [[21 декември]] [[1964]] година загинале двајца Турци и еден грчки полицаец. Во текот на конфликтот загинале 191 Турци и 133 Грци. Бидејќи полицијата била деблокирана, а Кипар немал своја сопствена војска, во конфликтот се вмешал [[ЕОКА]] кој им нанел големи штети на турските сили. По ова во преговорите за мир се вклучил [[Обединетото Кралство]].
 
По воспоставувањето на примирје, Макариос до некој степен успеал да ги убеди [[Кипарски Грци|Кипарските Грци]] дека би било подобро Кипар да остане независен од Грција. Но, од друга страна, [[Кипарски Турци|Кипарските Турци]] не верувале на тие зборови на кипарските власти, па создале своја администрација. Така, во следните неколку години мирот се одржал. Но во [[1967]] година во Грција дошло до државен удар кое довело до промена на власта и доаѓање на [[Грчка воена хунта|грчката хунта]]. Во јули [[1974]] година, со помош на грчката власт, на Кипар, на сличен начин како и во Грција, бил извршен државен удар. Претседателот Макариос бил симнат од власта, па тој побегнал во [[Лондон]], а на власт дошла ЕОКА Б. Местото претседател го заземал [[Никос Сампсон]], дотогашен член и главен уредник на кипарските новини. Во такви услови, за власта во Кипар не постоела некаква препрека да островот се приклучи односно обедини со Грција.
 
Поради тоа, [[Турција]] извршила [[Турска инвазија на Кипар|инвазија]] на островот на [[20 јули]] [[1974]] година, а како главна причина односно барање им било ситуацијата на островот да се врати онаква каква што била пред државниот удар. Таа инвазија се претворила во трајна окупација на околу 37% од вкупната територија на островот Кипар. Десантот бил извршен во градот [[Киренија]]. Турција по само три дена успеала да освои уште 3% од територијата на островот. Така, на [[22 јули]] повторно била воведена демократијата на островот. На мировниот договор од [[14 август]] истата година, Турција барала да се формира федерална држава и да Турците добијат 34% од територијата на островот.
 
По овој предлог, грчкиот преговарач најпрвин побарал 36 часови пауза, за да може да се консултира со државниот врв и истите заедно да земат решение. Но, турската страна не го исчекала одговорот, па на [[15 август]] [[1974]] година тргнале кон втора инвазија кон поголемиот дел од островот, сè додека не освоиле 37% од Кипар. Американскиот секретар [[Хенри Кисинџер]] дал вето на одлуката да се забави турската инвазија. По ова, турската армија веќе без проблеми започнала да го освојува островот место по место, село по село. На териториите кои ги освојувале не останал ниту еден Грк, бидејќи истите биле протерувани. Така, околу 200.000 Грци заминале принудено од островот.
 
Причината поради која Турците толку лесно го заземале островот била веројатно фактот што Грците не очекувале таков развој на настаните. По неколку денови, Турција зазела една третина од островот, по што престанале со нападите, но ги задржиле своите позиции. Ова довело до повторен политички удар, овој пат врз грчката и кипарската хунта. Наскоро, од Лондон се вратил Макариос и повторно го зазел местото претседател на Кипар. И во Грција, воената хунта паднала.
 
Војната завршила, но островот бил поделен со “''зелена линија''“ на турски и грчки дел и така останал до денес. Таа линија минува низ [[Никозија]], која го дели градот на два дела. Сепак, оваа линија е под контрола на [[ОН]], а на некои места таа е широка и до 10 километри. Во неговата внатрешност останале многу објекти, како никозискиот аеродром на пример. Околу 100.000 Грци останале без своите имоти, а околу 50.000 турски војници се наоѓаат на северниот дел од Кипар. Во [[Северен Кипар]] се населиле голем број Турци.
 
Во [[1983]] година, [[Кипарски Турци|Кипарските Турци]] прогласиле своја држава, под името [[Турска Република Северен Кипар]], но истата освен од Турција до денес не е признаена од никоја друга земја. Во [[2004]] година било предложено обединување на двете земји, според кој план Кипар би се состоил од две конфедерални единици. Во [[2004]] година, Кипар влегол во составот на [[ЕУ]], и прашањето било дали и северниот дел на островот да се приклучи кон Унијата. Но, спроведениот референдум не бил прифатен од страна на Грците.
 
== Географија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кипар