Романија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 278:
 
На 1 јули 2015 година, надворешниот долг на Романија изнесувал 90,59 милијарди евра.
 
===Енергија===
Романија е голем извозник на електрична енергија и 48. во светот по потрошувачка на електрична енергија. Третина од произведената енергија доаѓа од обновливи извори, главно [[хидроелектрана|хидроелектрани]]. Во 2015 година главни извори биле хидроелектрани 30%, јаглен 28%, [[нуклеарна електрана|нуклеарни електрани]] 18% и [[јаглеводород]]и 14%. Романија има еден од најголемите [[рафинерија|рафинериски]] капацитети во [[Источна Европа]], иако производството на [[нафта]] и [[природен гас]] опаѓа повеќе од десетина години. Со една од најголемите резерви на сирова нафта и нафтени шкрилци во Европа, Романија е една од најнезависните земји во Европската Унија и има за цел да ја прошири својата нуклеарна електрана во Чернавода.
 
===Сообраќај===
{{Главна|Сообраќајот во Романија}}
[[Податотека:Romania-drumuri.svg|мини|десно||Карта на патната инфраструктура на Романија, со портокалова боја се означени планираните автопатишта]]
 
Според националниот завод за статистика на Романија, вкупната патна мрежа на Романија во 2015 година била проценета на 86.080 километри.<ref>[http://www.insse.ro/cms/sites/default/files/com_presa/com_pdf/lung_cailor_transp15r_1.pdf Должина на патна мрежа]</ref> Светската банка ја проценила железничката мрежа на 22.298 километри, четврта по големина во Европа. <ref>[https://web.archive.org/web/20090608211134/http://www.cfr.ro/jf/romana/0208/retea.htm Железница - реформи]</ref> Железничкиот превоз доживеал драматичен пад после 1989 година, а во 2004 година бил проценет на 99 милиони патнички патувања. Од 2013 година доживеал преродба заради подобрување на инфраструктурата и делумната приватизација на линии, кои претставуваат 45% од патничкиот и товарниот сообраќај. Метрото во [[Букурешт]], единствениот подземен железнички систем, било отворено во 1979 година со должина од 61,41 км во 2007 година превезувало 600.000 патници во текот на работна седмица. Постојат шеснаесет меѓународни комерцијални [[аеродром]]и и пет од нив (Анри Коанда, Аурел Влајку, Темишвар, Константа и Сибиу) можат да примаат најголеми воздухоплови. Меѓународниот аеродром Анри Коанда во Букурешт во 2015 година опслужил 9,2 милиони патници.
 
Во јуни 2014 година, Романија имала скоро 18,3 милиони конекции на семрежјето. Според Блумберг, во 2013 година Романија била рангирана на петтото место во светот, а според „Индепендент“, таа била прворангирана земја во Европа по семрежната брзина.<ref>[http://www.gandul.info/it-c/numarul-conexiunilor-la-internet-a-crescut-cu-22-8-cate-milioane-de-romani-au-acces-la-internet-13701212 Numărul conexiunilor la internet a crescut cu 22,8%. Câte milioane de români au acces la internet Семрежен пристап во Романија]</ref>
 
== Култура ==