Романија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис
Ред 260:
|}
 
== Економија ==
{{Mainглавна|Економија на Романија}}
[[Податотека:Dacia_Duster_Salon_de_l%27Auto.jpg|мини|десно|[[Дачија]]]]
 
Во 2016 година Романија имала БДП од околу 441.601 милијарди долари, а БДП по жител изнесувал 22.348 долари.<ref>[https://web.archive.org/web/20171010095227/https://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2017/01/weodata/weorept.aspx?sy=2015&ey=2022&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&pr1.x=24&pr1.y=9&c=968&s=PPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a= ММФ БДП за Романија]</ref> Според [[Светска банка|Светската банка]], Романија е земја со среден доход.<ref>[https://data.worldbank.org/?locations=RO-XT Светска банка – податоци за Романија]</ref> Спрема [[Евростат]], БДП по жител во Романија изнесувал 59% од просекот на [[ЕУ|Европската Унија]] во 2016 година, што е раст од 41% во однос на 2007 година (година на влез на Романија во ЕУ), со што Романија е една од најбрзо растечките економии во Европската Унија.<ref>[http://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/GDP_per_capita,_consumption_per_capita_and_price_level_indices БДП по жител]</ref>
Со [[БНП]] од 264 милијарди долари во 2008 година Романија важи за средно развиена држава и е дел од [[ЕУ]] од [[1 јануари]] [[2007]] година. По падот на комунизмот во Романија, економијата на државата била во големи кризи и падови. Од 2000 година економијата почнала да се зајакнува и владата на Романија презела економски мерки за развој на нејзината економија. БНП во 2007 година пораснал за 7.7% кој бил еден од највисоките во Европа. Според Евростат, БНП по глава на жител на Романија изнесувал 46% од просечнот БНП на ЕУ.
 
После 1989 година земјата имала десетлетие на економска нестабилност и пад, делумно предизвикани од застарената индустриска база и недостаток на структурни реформи. Меѓутоа од 2000 година романската економија доживува релативна макроекономска стабилност, со висок раст, ниска стапка на невработеност и пад на инфлацијата.<ref>[http://www.insse.ro/cms/sites/default/files/com_presa/com_pdf/somaj_bim_ian17e.pdf Завод за статистика на Романија - невработеност]</ref> Во 2006 година, според романскиот завод за статистика, реалниот раст на БДП бил 7,7%, еден од највисоките во Европа. Меѓутоа рецесијата која следела по глобалната финансиска криза во 2008/2009 ја присилила владата на надворешно задолжување, вклучувајќи ја и програмата за помош на ММФ во износ од 20 милијарди долари. Растот на БДП бил преку 2%. Според Светската банка, паритетот на куповната моќ по жител од 13.442 долари во 2007 година, пораснал на околу 22.124 долари во 2015 година. По куповната моќ во 2016 и 2017 година, Романија доживеала уште поголем раст и престигнала неколку околни земји членки на ЕУ. Романија и понатаму има една од најниските нето просечни плати во ЕУ од 540 евра во ЕУ во 2016 година и инфлација од -1,1%. Невработеноста во Романија во 2017 година била 5,4%, што е многу ниско во споредба со останатите земји од Европската Унија.
 
Растот на индустриското производство во февруари 2013 година достигнал 6,5% во однос на истото раздобје во претходната година, што било највисокото во Европската Унија. Најголеми локални претпријатија се производителот на автомобили [[Дачија]], [[Петром]], [[Ромпетрол]], [[Форд Романија]], Електрика, Ромгаз и [[Банка Трансилванија]]. Извозот значително пораснал последните години, во 2010 година порастот на извозот изнесувал 13%. Главен извоз на Романија се [[автомобил]]и, [[софтвер]], [[облека]] и [[текстил]], индустриски постројки, електрична и електронска опрема, металуршки производи, суровини, војна опрема, фармацевтски производи, фини хемикалии и земјоделски производи (овошје, зеленчук и цвеќе). Трговијата главно е насочена кон земјите членки на Европската Унија, при што [[Германија]] и [[Италија]] се најголеми поединечни трговски партнери на земјата.
[[Податотека:Bucharest-Calea-Victoriei-Aerial-View.jpg|мини|лево|[[Букурешт]] главен град на Романија е 6. град по големина во Европската Унија]]
 
После низа приватизации и реформи во доцните деведесетти години, владината интервенција во романската економија е нешто пониска отколку во другите европски економии. Владата на Романија во 2005 година го заменила прогресивниот даночен систем со рамен данок од 16% за личниот доход и добивката на претпријатијата, меѓу најниските стапки во Европската Унија. Економијата претежно се темели на услугите кои претставуваат 51% од БДП, иако индустријата и земјоделството исто така имаат значителен придонес, истите претставуваат 36% и 13% од БДП соодветно. Освен тоа, во 2006 година биле вработени 30% од романската популација биле вработени во земјоделството и примарното производство, една од највисоките стапки во [[Европа]].
 
Од 2000 година, Романија ги привлекла сите поголеми странски вложувања и станала најголема инвестициска дестинација во југоисточна и Средна Европа. Директните странски вложувања во 2006 година изнесувале 8,3 милијарди евра. Според извештајот на Светската банка за 2011 година, Романија била 72. од вкупно 175 економии по едноставноста на работењето, со оцена пониска од останатите земји во регионот како што се Чешка, Словачка и др. Освен тоа, според истражувањето од 2006 година Романија била втор најбрз економски реформатор на светот.
 
Од 1867 година службена валута во Романија е [[романска леа|романската леа]] која после деноминацијата во 2005 година изнесувала 0,2-0,3 €. Со влегувањето во ЕУ во 2007 година, се очекува Романија да го усвои [[евро]]то некаде околу 2020 година.
 
На 1 јули 2015 година, надворешниот долг на Романија изнесувал 90,59 милијарди евра.
 
== Култура ==