Разлика помеѓу преработките на „КК Лирија“

Додадени 8 бајти ,  пред 2 години
По основањето, клубот се натпреварувал во Втората македонска републичка лига, која била во состав на југословенскиот кошаркарски систем. Подоцна се пласирале во Првата македонска републичка лига. Во сезоната 1985/86 клубот се распаднал. Од 2007/08 клубот се обновил, со неколку активирања и паузи во меѓувреме.
 
Од сезоната 2008/09, клубот почнал со натпреварување во Третата лига и поради добриот успех напреднал во [[Втора македонска кошаркарска лига|Втората лига]] за следната сезона. Во сезоната 2009/10 во Втората лига, Лирија завршила на шестото место. За следната сезона, поради откажување на некои [[Прва македонска кошаркарска лига|прволигашки]] екипи, Лирија добила вајлд карта заради пополнување на Првата лига.<ref>{{cite news |title=Ултимејт Баскет и Лирија добија прволигашка виза |url=http://daily.mk/vesti/ultimejt-basket-i-lirija-dobija-prvoligashka-viza |accessdate=13 септември 2016 |publisher=dnevnik.mk. преку daily.mk |date=5 октомври 2010}}</ref> Во сезоната 2010/11 во [[Прва македонска кошаркарска лига 2010/11|Првата лига]], Лирија завршила на петтото место во Суперлигата, додека во [[Куп на Македонија во кошарка 2011|Купот]] стигнале до четврфиналето. Во 2011/12, екипата стигнала до полуфиналето во [[Прва македонска кошаркарска лига 2011/12|Лигата]] и [[Куп на Македонија во кошарка 2012|Купот]]. Во [[Прва македонска кошаркарска лига 2012/13|2012/13]], Лирија завршила на шестото место во Суперлигата, а во [[Куп на Македонија во кошарка 2013|Купот]] до четвртфинале. Во сезоната 2013/14, Лирија за првпат во својата историја играла во финале односно во [[Куп на Македонија во кошарка 2014|Купот]], каде изгубила од [[КК МЗТ Скопје|МЗТ Аеродром]], додека во [[Прва македонска кошаркарска лига 2013/14|Лигата]] стигнала до полуфиналето каде повторно изгубила од МЗТ Аеродром. За време на полуфиналето против МЗТ Аеродром, Лирија поради ненаоѓање на сопствена сала изгубила службено и така била елиминирана.<ref>[http://old.ekipa.mk/lirija-ne-najde-sala-mzt-sluzhbeno-vo-finale/ Лирија не најде соодветна сала, МЗТ службено во финале] ekipa.mk 22 мај 2014</ref>
 
Исто така, поради ненаоѓање на сопствен терен, Лирија го откажала своето учество во Првата Лига за сезоната 2014/15 и се распаднала.<ref>[http://old.ekipa.mk/elitata-bez-lirija-sezonata-startuva-na-11-oktomvri/ Елитата без Лирија, сезоната стартува на 11 октомври] ekipa.mk 11 септември 2014</ref>
 
==Галерија==