Цена (економија): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 13:33, 8 јули 2019

Цена претставува надомест кој купувачот на одреден прозивод или производен фактор му го плаќа на продавачот. Најчесто, цената е изразена во пари, но може да биде изразена и во натурален облик.

Функции на цената

Во пазарна економија, која се карактеризира со слободна размена и приватна сопственост на факторите на производството, цените извршуваат пет основни функции:[1]

  • служат како средство за трансмисија на информациите за релативната важност на одделните производи и производни фактори
  • им даваат поттик на претприемачите да ги произведуваат производите кои општеството ги вреднува најмногу и да користат методи на производство во кои се економизира со ретките производни фактори
  • им даваат поттик на сопствениците на производните фактори да ги насочат во областите кои се најисплатливи
  • го распределуваат производството меѓу одделните сопственици на производните фактори
  • вршат рационирање на фиксните залихи на производи меѓу потрошувачите.

Наводи

  1. Milton Friedman, „Lerner on the Economics of Control“, во: Milton Friedman, Essays in Positive Economics. Chicago: University of Chicago Press, 1953, стр. 304.