Македонско девојче 2: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 85:
Во својата статија објавена во [[Радио Слободна Европа]], новинарот Љупчо Јолевски го нарекол албумот „магичен и повеќеслоен... [о]стварување кое ја има инстантната допадливост, но кое го откривате со секое идно преслушување“.<ref name="radio">{{cite web|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/25268259.html|title=Каролина - „Македонско девојче 2“|publisher=[[Радио Слободна Европа]]|first=Љупчо|last=Јолевски|date=18 февруари 2014|accessdate=8 август 2017}}</ref> Јолевски исто така го пофалил тимот кој стои зад аранжманот и инструментацијата за своите напори да го дадат најдоброто од себе во песните кои ги изведуваат. Го опишал звукот на албумот како составен од мешавина на македонскиот фолклор со „океанот на звуци во глобални рамки“.<ref name="radio" /> Според Јолевски, „,Македонско девојче 2' се воздига до прекрасна колекција од песни која и се противи на сета грдотија од ритми и припрости стихови која катадневно не заплиснува.“<ref name="radio" /> На крајот од неговата статија, Јолевски заклучува дека Гочева го достигнала својот музички зенит и најсветлата точка во својата кариера преку албумот кој го опишува како „битолски албум“ кој „ги донесува звуците и обичаите на [[Стара битолска чаршија|битолската чаршија]], на градот кој некако и во ововремиево им одолева на турбо-атаците од сите страни“.<ref name="radio" />
 
Според Авалон продукција, „Македонско девојче 2“ бил најпродаваниот албум во 2014 година во Македонија.<ref name="vistina">{{cite web|url=http://vistina.mk/?p=152862|title=АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: За Каролина, нејзините рекорди и за по нешто друго…|publisher=Vistina.mk|date=22 декември 2014|accessdate=10 август 2017}}</ref> Песните од албумот исто така биле добро прифатени од страна на посетителите на концертите на пејачката во Македонија и Србија и претставувале едни од омилените на публиката.<ref>{{cite web|url=http://www.telegraf.rs/jetset/1845599-dvosatno-uzivanje-uz-makedonsko-devojce-karolina-ispunila-srca-na-kolarcu-foto-video|title=DVOSATNO UŽIVANJE UZ MAKEDONSKO DEVOJČE: Karolina ispunila srca na Kolarcu! (FOTO) (VIDEO)|publisher=[[Telegraf]]|language=српски|date=9 ноември 2015|accessdate=12 август 2017|first=Милан|last=Ќунковиќ}}</ref> За време на интервју со српскиот медиум N1, Гочева изјавила дека сите песни станале евергрини во Македонија. Кога ја прашале дали за идните проекти ќе продолжи да снима поп музика како претходно или изворна македонска музика како таа со проектот „Македонско девојче“, Гочева изјавила дека „не постои причина поради која не би направила уште еден ваков проект“.<ref name="n1" />
 
==Список на песни==