Киселец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
[[Податотека:Rumex acetosa - Hapu oblikas.jpg|мини|]]
 
'''Киселец''' ([[науч.]] ''Rumex acetosa'') е повеќегодишно [[ливада|ливадско]] [[растение]] што му припаѓа на семејството на [[троскоти]]те (''Polygonaceae'').
 
Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени [[корен]]и во земјата. [[Лист]]овите му се со издолжена форма, а [[стебло]]то е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Листовите се благо зашилени, со многу долги дршки и наизменично прираснати за стеблото. На врвот од растението има мали [[цвет]]ови во облик на црвеникаво обоени метлички. Се развиваат од [[мај]] до [[јули]], а понекогаш после косење, по втор пат во [[есен]].
 
Киселецот има потекло од [[Европа]]<ref>[http://www.gapame.com/serbian/6953/-1064-1090-1072-1112-1077-1050-1080-1089-1077-1113-1072-1082 Шта је кисељак?] [[српски јазик|(срп.)]]</ref> и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со [[трева]]. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.
 
За исхрана се користат пролетните листови што поблиску до [[земја]]та, кои се темно зелени и сочни. Обично се со должина од 7 до 15 см. Најдобро е да се берат кога стеблото се уште не е целосно развиено ([[март]]-[[мај]]). Може да се берат и во [[есен]]. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус. Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви [[зеленчук]]ови растенија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Киселец