Отвори го главното мени

Промени

Додадени 5.869 бајти ,  пред 3 месеци
 
===СР Југославија===
 
При крајот на комунистичкото владеење и распадот на [[СФРЈ]], официално распуштена на [[27 април]] [[1992]], [[Република Србија (1992—2006)|Република Србија]] и [[Социјалистичка Република Црна Гора]], под ново име Република Црна Гора, на [[28 април]] [[1992]] создале нова федерација под името [[Сојузна Република Југославија]] која на [[4 февруари]] [[2003]]. со согласност на двата дома на југословенскиот парламент го промена името во Државна заедница [[Србија и Црна Гора]]. На [[Референдум за независност на Црна Гора (1992)|Референдумот за независност]] во 1992 година, 95,96% од гласачите гласале за заедничката држава Србија и Црна Гора, односно Сојузна Република Југославија.
 
Кога е основана [[Сојузна Република Југославија]] во [[1992]], година, [[Обединетите Нации]] и некои поедини држави, особено САД, не сакале да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признале како држава. СРЈ не била членка на ООН до 2000 година, кога стана членка, после Петтооктомвриските промени, веднаш нејзиното постоење било доведено во прашање. Црногорскиот режим уште од порано се однесувал како автономен (воведување на полициска контрола на границата со Србија, одбивање да прифати вонредна и воена состојба на својата територија во текот на НАТО нападите над СРЈ во 1999 година).
 
За време на војните со Хрватска и во Босна и Херцеговина, Црна Гора зела активно учество. По војната, црногорскиот генерал Павле Стругар бил осуден за својата улога во бомбардирањето на Дубровник<ref>[http://www.yihr.org/uploads/newsletters/eng/28.pdf YIHR.org] {{webarchive |url=https://web.archive.org/web/20150403105152/http://www.yihr.org/uploads/newsletters/eng/28.pdf |date=3 April 2015 }}</ref>. Босанските бегалци биле уапсени од страна на црногорската полиција и биле транспортирани во српските логори во [[Фоча]], каде што биле подложени на систематско мачење и погубување<ref>[http://www.ess.uwe.ac.uk/comexpert/ANX/VIII-03.htm#III.A.25 Annex VIII – part 3/10 Prison Camps]. ess.uwe.ac.uk {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20131020191517/http://www.ess.uwe.ac.uk/comexpert/ANX/VIII-03.htm#III.A.25|date=20 October 2013}}</ref><ref>"Porodica Nedžiba Loje o Njegovom Hapšenju i Deportaciji 1992". ''Godine'' [http://bosnjaci.net/aktuelno.php?id=4311 Bosnjaci.net] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20071012182522/http://bosnjaci.net/aktuelno.php?id=4311 |date=12 October 2007 }}<!--What is this source? The link is dead.--></ref>.
 
Во 1996 година владата на [[Мило Ѓукановиќ]] ги прекинала врските меѓу Црна Гора и нејзиниот партнер Србија, која била предводена од [[Слободан Милошевиќ]]. Црна Гора формирала сопствена економска политика и ја усвоила германската марка како своја валута и последователно го усвоила и еврото, иако не е дел од валутната унија на [[Еврозона|Еврозоната]]. Следните влади спровеле политики за независност, а политичките тензии со Србија се влошиле и покрај политичките промени во Белград. Целите во Црна Гора биле бомбардирани од страна на силите на [[НАТО]] во 1999 година, иако степенот на овие напади бил многу ограничен<ref>{{cite news |url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/331036.stm |title=Russia pushes peace plan |publisher=BBC |date=29 April 1999}}</ref>.
 
Во 2002 година, Србија и Црна Гора дошле до нов договор за континуирана соработка и влегле во преговори за идниот статус на Сојузна Република Југославија. Ова резултирало со Белградскиот договор, според кој земјата се трансформирала во повеќе децентрализирана државна заедница наречена Србија и Црна Гора во 2003 година. Белградскиот договор исто така содржи одредба со која се одложува секој иден референдум за независност на Црна Гора најмалку три години.
 
===Нрзависност===
 
== Географија и клима ==