Црна Гора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 153:
Сепак во 1916 година, принцот Мирко и дел од членовите на владата ја потпишале капитулацијата, ја разоружале војската и дозволиле Австро-Унгарија да воспостави своја администрација. Црна Гора била под окупација на Австро-Унгарија во текот на следните две години, а кога во [[1917]] година била потпишана [[Крфска декларација|Крфската декларација]], немало црногорски потписник. По пробивањето на Солунскиот фронт, сојузничките трупи ја окупирале Црна Гора, а откако српската војска влегла во [[Подгорица]], [[Караѓорѓевиќи]] ја искористиле систуацијата и во собранието во Подгорица прогласиле обединување на Црна Гора и Србија.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=4LPfuwer21EC&pg=PA70&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Balkan Anschluss: The Annexation of Montenegro and the Creation of the Common South Slavic State|last=Pavlovic|first=Srdja|date=2008|publisher=Purdue University Press|isbn=9781557534651|language=en}}</ref>.По овој чин избила т.н. [[Божиќна побуна]] на т.н. [[Зеленаши]], кои биле против безусловното обединување со Србија. Таканаречените [[Бјелаши]], кои биле приврзаници на обединувањето со помош на сојузниците ја загушиле побуната. Сепак, воените борби на црногорските комити, кои биле против, продолжиле сѐ до 1924 година, кога тие ја прифатиле амнестијата на кралот [[Александар I Караѓорѓевиќ]]. Кралот Никола испратил барање до [[Париска мировна конференција (1919)|Париска мировна конференција]] да се врати независноста на Црна Гора, но неговата молба била одбиена.
 
===Двете Југославии===
===Обединување со Србија===
 
По [[Прва светска војна|Првата светска војна]], во 1922 година, Црна Гора официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (од 1928 - Југославија) како дел од Цетиската област. Внукот на Никола, српскиот крал [[Александар I Караѓорѓевиќ|Александар I]], доминирал во југословенската влада. [[Зетска бановина|Зетската бановина]] била провинција (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Во бановината спаѓала целата територија на денешна Црна Гора и делови од Централна Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Именувана е по реката Зета, а административен центар бил градот Цетиње. Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ке се појави незадоволство.
[[File:Crna Gora - Oslobodjenje od strane okupacije 1711-1918.png|thumb|десно|Црна Гора од 1711 до 1918]]
Во [[1941]], [[Сили на Оската|силите на Оската]] во [[Втора светска војна|Втората светска војна]] ја окупирале Зетската бановина и ја поделиле помеѓу Црна Гора и [[Албанија]] под [[Фашистичка Италија|италијанска]] окупација, [[Србија]] под [[Фашистичка Германија|германска]] окупација, и [[Независна Држава Хрватска|Усташка Хрватска]].
 
Во мај, црногорскиот огранок на [[Комунистичка партија на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]] започнал подготовки за востание планирано за средината на јули. Комунистичката партија и нејзината младинска лига организираа 6.000 свои членови подготвени за герилска војна. Првото вооружено востание во окупираната нацистичка Европа се случило на [[13 јули]] [[1941]] година во Црна Гора<ref>{{cite web |url=http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2010&mm=07&dd=13&nav_category=167&nav_id=445290 |title=Prema oceni istoričara, Trinaestojulski ustanak bio je prvi i najmasovniji oružani otpor u porobljenoj Evropi 1941. godine |publisher=B92.net |language=Serbian |accessdate=7 December 2012}}</ref>.
 
Неочекувано, востанието се одржало и до 20 јули 32.000 мажи и жени се приклучиле на борбата. Освен за брегот и поголемите градови (Подгорица, Цетиње, Плевља и Никшиќ), кои биле опколени, Црна Гора била најчесто ослободена. Во еден месец од борбите, италијанската армија претрпела 5.000 мртви, повредени и заробени. Востанието траело до средината на август, кога било потиснато со контра-офанзива на 67.000 италијански војници донесени од Албанија. Соочени со нови и огромни италијански сили, многу од борците се вратиле во своите домови. Сепак, интензивните герилски борби траеле до декември.
 
Борците кои останале се распаднале во две групи. Повеќето од нив продолжиле да се приклучуваат кон [[Југословенски партизани|југословенските партизани]], кои се состоеле од комунисти и оние биле склонети кон активен отпор. Меѓу нив биле и [[Арсо Јовановиќ]], [[Сава Ковачевиќ]], [[Светозар Вукмановиќ – Темпо|Светозар Вукмановиќ]], [[Милован Ѓилас]], [[Пеко Дапчевиќ]], и.т.н. Оние лојални на [[Династија Караѓорѓевиќ|династијата Караѓорѓевиќ]] станале [[четници]] и се свртеле кон соработка со Италијанците против партизаните.
 
Во првата половина на 1942 година избувнала војна меѓу партизаните и четниците. Поради притисоците од Италијанците и четниците, јадрото на црногорските партизани заминало во Србија и во Босна, каде што се придружиле со други југословенски партизани. Борбата меѓу партизаните и четниците продолжила низ војната. Четниците со италијанска поддршка го контролирале поголемиот дел од земјата од средината на 1942 до април 1943 година. Црногорските четници добиле статус на антикомунистичка милиција и добиле оружје, муниција, храна и пари од Италија. Повеќето од нив биле префрлени во Мостар, каде што се бореле во [[Битка на Неретва|битката кај Неретва]] против партизаните, но се соочиле со тежок пораз.
 
За време на германската операција Шварц против партизаните во мај и јуни 1943 година, Германците разоружиле голем број четници без борба, бидејќи стравувале дека ќе се свртат против нив во случај на сојузнички инвазија на Балканот. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, партизаните успеале да заземат поголем дел од Црна Гора за кратко време, но Црна Гора наскоро била окупирани од германските сили, а жестоките борби продолжиле кон крајот на 1943 година и цела 1944 година. Црна Гора била ослободена од партизаните во декември 1944 година.
 
Црна Гора станала една од шесте конститутивни републики на [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија]] (СФРЈ) по крајот на војната. Нејзиниот главен град станал Подгорица, преименуван во Титоград во чест на претседателот [[Јосип Броз Тито]]. По војната, инфраструктурата на Југославија била повторно изградена, започнала индустријализацијата, а бил формиран и Универзитет на Црна Гора.
 
===СР Југославија===
 
=== Современа историја ===