Црна Гора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 138:
 
=== Балкански и Прва светска војна===
[[Податотека:Serbian and Montenegrin officers in Đakovica, 1913.jpg|десно|мини|200п|Српски и црногорски офицери во Ѓаковица, во 1913 година.]]
 
На почетокот на [[20 век]], помеѓу балканските држави склучиле воено-политички сојуз за војна против [[Отоманско Царство|Османлиите]]. Првичниот договор бил меѓу [[Кралство Грција|Грција]] и [[Царство Бугарија|Бугарија]], на нив им се приклучила [[Кралство Србија|Србија]], а по потпишувањето на спогодбата со Србија, во септември 1912 година, на овој сојуз се приклучила и Црна Гора. Според спогодбата, црногорската војска требала со главниот дел од својата војска да дејствува кон [[Скадар]], северна Албанија и Македонија, а со помалиот дел од војската да се насочи кон [[Нови Пазар]] и [[Санџак]]. Според направената спогодба меѓу членките на сојузот, до 15 октомври [[1912]] година, требало да се објави војна на [[Отоманско Царство|Османлиското Царство]]. Затоа Црна Гора, според таа спогодба, на 26 септември 1912 година им објавила војна на Османлиите.<ref>{{Наведена книга|title=Savremeni svet|last=Vojvodić|first=Mihajlo|last2=Stanković|first2=Đorđe|publisher=Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=211}}</ref>. По завршувањето на војните, на Меѓународната конференција биле исцртани новите граници на Балканот. Црна Гора, иако не го добила [[Скадар]], добила проширување од околу 5.000 км<sup>2</sup>. Во нејзиниот состав влегле: Малесија, дел од Новопазарскиот Санџак, дел од Метохија сè до [[Бел Дрим]] и градовите: [[Мојковац]], [[Бијело Поље]], [[Беране]], [[Рожае]], [[Гусиње]], [[Плав]], [[Пеќ]] и [[Ѓаковица]]. Со новите граници за првапт во новиот век била направена територијална врска меѓу Црна Гора и Србија. Цената за ова била голема – загинале околу 3.100 војници, а околу 6.500 биле ранети. Протерувањето на Османлиското Царство од балканските земји значело губење на важноста и поддршката за Црна Гора од страните земји, првенствено од Русија. Руската политика по 1913 година, јавно и отворено го протежирала својот нов став дека не е потребна заштита на Црна Гора и дека со отстранувањето на Османлиското Царство таа треба да се спои со Србија.
 
[[Податотека:Mojkovacka bitka.PNG|мини|250п|Мојковачката битка, 6-7 јануари 1916 година.]]
 
Повод за започнување на [[Првата светска војна]] бил [[Атентат врз Франц Фердинанд|атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник]], надвојводата [[Франц Фердинанд]], во [[Сараево]], на 15/28 јуни 1914 година.<ref>{{Наведена книга|title=Savremeni svet|last=Vojvodić|first=Mihajlo|last2=Stanković|first2=Đorđe|publisher=Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=212}}</ref>. Бидејќи [[Австро-Унгарија]] за одговорна за атентатот ја сметала владата на [[Кралство Србија|Кралството Србија]], таа испратила владина нота со барање до српската влада и таа да учествува во истрагата околу атентатот.<ref>{{Наведена книга|title=Savremeni svet|last=Vojvodić|first=Mihajlo|last2=Stanković|first2=Đorđe|publisher=Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=215}}</ref> Бидејќи српската влада тоа го одбила, истото послужило како повод за објавување на војна на 28 јули 1914 година. Истиот ден кога била објавена војната, кралот Никола спровел мобилизација на војската на Црна Гора. После тоа следеле низа на формални потези: црногорското народно собрание побарало од владата да објави војна на Австро-Унгарија, а кралот и владата на 6 август, согласно со барањето на собранието, донело одлука за објавување на војна. На почетокот од големиот воен судир, во 1914 година, Црна Гора била една од осумте завојувани земји.
 
Во текот на првата година од војната, немало судири од поголеми размери меѓу Црна Гора и Австро-Унгарија. Херцеговскиот одред на почетокот од август извршил напад и напредување кон [[Требиње]] и [[Билеќа]], но во средината на август биле принудени да се повлечат, но Австро-Унгарија не успеала да го заземе Грахово. Од октомври следело затишје на воените судири. Најмалку борби се воделе на Ловќенскиот фронт. До крајот на декември 1914 година, скоро и да немало воени судири. Во текот на ова затишје црногорската војска успеала во јуни 1915 година да го заземе [[Скадар]]. Кога во октомври 1915 година, почнала австроунгарската-германска офанзива на Србија, почнале и судирите на Санџачкиот фронт и до декември со постојаните напади на Австро-Унгарија бил заземен градот [[Плевља]]. Целта била да Австро-Унгарија го заземе правецот Плевља-Мојковац-Матешево за да го спречи повлекувањето на српската војска преку територијата на Црна Гора кон Скадар. По Плевља, тие продолжиле по долината на реката [[Тара]] и кон [[Мојковац]]. Наредбата на врховната команда на црногорската војска била дека непријателот мора да се запре на Тара, дури и по цена на загинување на последниот војник.
 
Австроунгарската офанзива на Црна Гора го достигнала врвот во јануари 1916 година. Целта била потполно да се уништи црногорската војска. Судирот бил на секторот Мојковац-Левер Тара и историски е познат како [[Мојковачка битка]]. Оваа позната и најтешка црногорска битка во Првата светска војна била и нејзина најголема победа, кога малата војска на Црна Гора успешно се спротивставила и успеала да го спречи продирањето на Австро-Унгарија во средиштето на Црна Гора.
 
[[Податотека:Alexius WW1 Kapitulation Montenegros.jpg|мини|255x255пкс|Капитулација на црногорската војска во почетокот на 1916 година.]]
Сепак во 1916 година, принцот Мирко и дел од членовите на владата ја потпишале капитулацијата, ја разоружале војската и дозволиле Австро-Унгарија да воспостави своја администрација. Црна Гора била под окупација на Австро-Унгарија во текот на следните две години, а кога во [[1917]] година била потпишана [[Крфска декларација|Крфската декларација]], немало црногорски потписник. По пробивањето на Солунскиот фронт, сојузничките трупи ја окупирале Црна Гора, а откако српската војска влегла во [[Подгорица]], [[Караѓорѓевиќи]] ја искористиле систуацијата и во собранието во Подгорица прогласиле обединување на Црна Гора и Србија.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=4LPfuwer21EC&pg=PA70&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false|title=Balkan Anschluss: The Annexation of Montenegro and the Creation of the Common South Slavic State|last=Pavlovic|first=Srdja|date=2008|publisher=Purdue University Press|isbn=9781557534651|language=en}}</ref>.
 
===Обединување со Србија===
 
=== Современа историја ===