Разлика помеѓу преработките на „Црна Гора“

Додадени 172 бајти ,  пред 1 година
 
=== Кнежество и кралство===
[[Податотека:King Nikola of Montenegro.jpg|лево|мини|318x318пкс|Никола I Петровиќ, единствениот крал на Кралството Црна Гора]]
 
Делови од територијата биле контролирани од страна на [[Венецијанска Република|Венеција]] и [[Прво Француско Царство|Првото Француско Царство]] и [[Австро-Унгарија]]. Во [[1515]] година, Црна Гора станала теократска држава на чие чело се наоѓале владиките на Црногорската митрополија од династијата Петровиќ-Његош. Сепак, [[Венецијанска Република|Венеција]] ги бирала гувернерите во црногорската политика. Републиката била наследена од [[Австриско Царство|Австриската империја]] во [[1797]] година, а гувернерите биле укинати од страна на принцот-бискупот [[Петар Петровиќ - Његош|Петар II]] во [[1832]] година. Неговиот претходник [[Петар I Петровиќ Његош|Петар I]] придонел за обединување на Црна Гора.
 
По смртта на владиката [[Петар Петровиќ Његош]] во [[1851]], тој бил наследен од страна на [[Данило Петровиќ]]. Данило се оженил во [[1852]] и ја одбил својата духовна титула и ја презел титулата [[кнез]] и својата земја ја претворил во секуларно кнежевтсво. По убиството на кнезот Данило во [[1860]], на престолот дошол [[Никола Петровиќ]] на [[14 август]] [[1860]]. Помеѓу [[1861]] и [[1862]], Никола водел неуспешна војна против [[Османлии]]те , а Црна Гора низ тешки маки ја сочувала својата независност. Кнезот Никола водел многу поуспешна војна против [[Османлии]]те во [[1875]]. [[Османлиско-црногорска војна (1876-1878)|Османлиско-црногорската војна (1876-1878)]] довела до конечно протерување на [[Османлии]]те од [[Црна Гора|црногорската земја]]. Како позадина на војната било [[Херцеговско востание (1875-1878)|востанието во Херцеговина]] и почетокот на [[Османлиско-српска војна (1876-1878)|Српско-турската војна]] истата година. Една од најодлучувачките [[Битка кај Волчиот дол|битки била кај Волчиот дол]] каде османлиските сили имале загуба од 4,000 војници наспроти 70 црногорски војници. По оваа победа битки се воделе и на границата кон [[Херцеговина]] и [[Албанија]]. На [[24 септември]] бил освоен [[Никшиќ]], а по ова следувале [[Бар]], [[Улцињ]], [[Грможур]] и.т.н. Војната завршила со потпишување на примирјето од Едрене меѓу Руската и Османлиската империја. Територијата на [[Црна Гора]] се проширила од 4.405 km² на 9.475 km² а по Берлинскиот конгрес земјата добила независност.
 
Принцот [[Никола I Петровиќ|Никола Петровиќ]] ја прогласисл Црна Гора за кралство на 28 август 1910 година,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.dlib.me/skenovi/glas-crnogorca-nedjeljni-list-za-politiku-i-knjizevnost1-1910/08-15-broj-35/185.jpg|title=Глас Црногорца|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> со што ја подигнал земјата од тогашниот ранг на кнежевство. Тој се прогласил за крал Никола I, а со земјата владеел од 1861 година како принц. Во текот на своето владеење, посебно на почетокот на [[20 век]], тој иницирал неколку реформи за модернизација на земјата, вовел устав и нова валута наречена [[црногорски перпер]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://mondo.me/a562622/Info/Drustvo/PERPERI-Jedini-crnogorski-drzavni-novac.html|title=Priča o crnogorskim perperima: Više od novca! FOTO|work=MTELCG|language=en-US|accessdate=2019-04-01}}</ref>