Разлика помеѓу преработките на „Црна Гора“

Додадени 3.689 бајти ,  пред 1 година
 
=== Османлиски период===
 
Поголемиот дел од денешна Црна Гора под османлиска власт бил во периодот од [[1496]] до [[1878]] додека крајбрежјето било под венецијанска контрола<ref>{{cite book|last=Ćorović|first=Vladimir|title=Istorija Jugoslavije|authorlink=Vladimir Ćorović|year=1933|publisher=Narodno Delo|location=Beograd|url=http://sr.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B5_(%D0%92._%D0%8B%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9B)_3.11|accessdate=27 April 2011|language=Serbian|quote=Год. 1499. припојена је била Црна Гора скадарском санџакату. Али, год. 1514. одвојио је султан поново и поставио јој за управника, као санџак-бега, потурченог Станишу, односно Скендер-бега Црнојевића.}}</ref>. Денешна Црна Гора била вклучена во [[Скадарски санџак|Скадарскиот санџак]] и [[Босански санџак|Босанскиот санџак]] додека [[Горна Зета]] останала независна. Во [[1514]] година Османлиите зазеле поголем дел од земјата и бил прогласен посебен црногорски санџак а за прв санџакбег бил избран по наредба на [[Бајазид II]], [[Скендербег Црнојевиќ]] кој го прифатили исламот. По неговата смрт црногорскиот санџак бил вклучен во составот на Скадарскиот санџак. И покрај тоа што паднала под османлиска власт, Црна Гора главно поради својата географска положба, задржила одреден степен на самостојност. И покрај специјалната автономија, во текот на [[17 век]] во земјата имало поголем број на бунтови, кои кулминирале со поразот на Османлиите во [[Големата турска војна]] кон крајот на тој век.
 
Делови од територијата биле контролирани од страна на [[Венецијанска Република|Венеција]] и [[Прво Француско Царство|Првото Француско Царство]] и [[Австро-Унгарија]]. Во [[1515]] година, Црна Гора станала теократска држава на чие чело се наоѓале владиките на Црногорската митрополија од династијата Петровиќ-Његош. Сепак, [[Венецијанска Република|Венеција]] ги бирала гувернерите во црногорската политика. Републиката била наследена од [[Австриско Царство|Австриската империја]] во [[1797]] година, а гувернерите биле укинати од страна на принцот-бискупот [[Петар Петровиќ - Његош|Петар II]] во [[1832]] година. Неговиот претходник [[Петар I Петровиќ Његош|Петар I]] придонел за обединување на Црна Гора.
 
=== Современа историја ===