Отвори го главното мени

Промени

Додадени 2.849 бајти ,  пред 3 месеци
 
=== Војска===
[[File:Military Montenegro 11.jpg|thumb|Вооружени сили на Црна Гора]]
 
Војската на Црна Гора е целосно професионална војска во рамките на Министерството за одбрана и е составена од црногорската копнена армија, црногорската морнарица и црногорските воздухопловни сили, заедно со специјалните сили. [[Во]] 2006 година била укината регрутацијата. Војската моментално има сила од 1.920 активни членови на должност. Најголемиот дел од својата опрема и сили биле наследени од вооружените сили на Југославија. Бидејќи Црна Гора го сочинува целото крајбрежје на поранешниот сојуз, таа ја задржала практично целата поморска сила.
 
Црна Гора била членка на програмата на НАТО Партнерство за мир, а потоа станала и официјален кандидат за полноправно членство. Црна Гора поднела барање за акциски план за членство на [[5 ноември]] [[2008]] година, и истиот бил одобрен во декември 2009 година. Црна Гора исто така е член на [[Јадранска повелба|Јадранската повелба]]<ref>{{cite web |url=https://2009-2017.state.gov/p/eur/rls/fs/112766.htm |title=Adriatic Charter |access-date=7 September 2018 }}</ref>. Црна Гора била поканета да се приклучи во [[НАТО]] на [[2 декември]] [[2015]] година, а на [[19 мај]] [[2016]] година, НАТО и Црна Гора спровеле церемонија на потпишување во седиштето на НАТО во [[Брисел]]. Црна Гора станала 29-та членка на НАТО на 5 јуни 2017 година<ref>{{cite web |url=http://abcnews.go.com/International/wireStory/nato-ministers-meet-wide-array-security-challenges-39222251 |title=NATO Formally Invites Montenegro as 29th Member |agency=Associated Press |date=19 May 2016 |accessdate=20 May 2016}}</ref>, и покрај противењата на Русија<ref>{{Cite news |url=http://abcnews.go.com/International/wireStory/defying-russia-montenegro-finally-joins-nato-47837516 |title=Defying Russia, Montenegro finally joins NATO |last=Milic |first=Predrag |date=5 June 2017 |publisher=ABC News |access-date=5 June 2017}}</ref>.
 
=== Административна поделба ===