Отвори го главното мени

Промени

Додадени 3.926 бајти ,  пред 3 месеци
 
Културата на Црна Гора била под влијание на повеќе различни влијанија низ историјата. На таа култура влијаело православието, словенството, европската и исламската култура. Црна Гора има повеќе културни знаменитости од готскиот и барокскиот стил. Брегот на Црна Гора е познат по религиозните објекти од двете христијански религии.
 
== Спорт==
{{Main|Спорт во Црна Гора}}
[[File:MontenegrinFans2.jpg|thumb|[[Стадион Подгорица]].]]
 
Најпопуларни спортови во Црна Гора се тимските спортови, како што се [[фудбал|фудбалот]], [[кошарка|кошарката]], [[ватерполо]], [[одбојка]] и [[ракомет]]. Другите спортови се [[бокс]], [[тенис]], [[пливање]], [[џудо]], [[карате]], [[атлетика]], [[пинг-понг]] и [[шах]].
 
Најпопуларниот спорт е фудбалот. Меѓу многуте големи играчи од Црна Гора се [[Дејан Савиќевиќ]], [[Предраг Мијатовиќ]], [[Мирко Вучиниќ]] или [[Стеван Јоветиќ]]. [[Фудбалска репрезентација на Црна Гора|Црногорскиот национален фудбалски тим]], основан во [[2006]] година, играл во плејофот за [[Европско првенство во фудбал 2012|Евро 2012]], што е најголем успех во историјата на националниот тим.
 
Ватерполото често се смета за национален спорт. Црногорскиот национален тим е еден од највисоко рангираните тимови во светот, освојувајќи златен медал на [[Европско првенство во ватерполо 2008|Европскиот шампионат за ватерполо]] во [[2008]] година во [[Малага]], [[Шпанија]], и освојувајќи го златниот медал во [[Светската лига во ватерполо|Светската лига за мажи]] во [[2009]] година, кое се одржало во црногорскиот главен град [[Подгорица]]. Црногорскиот тим [[ВК Приморац]] од [[Котор]] станал шампион на Европа во Евролига 2009 во [[Риека]], [[Хрватска]].
 
[[Кошаркарска репрезентација на Црна Гора|Црногорскиот национален кошаркарски тим]] е познат со добри остварувања и во минатото освоил многу медали како дел од [[Кошаркарска репрезентација на Југославија|Југославија]]. Во 2006 година, [[Кошаркарска федерација на Црна Гора|Кошаркарската федерација на Црна Гора]], заедно со овој тим, самостојно се приклучиле кон [[Меѓународна кошаркарска федерација|Меѓународната кошаркарска федерација]] ([[ФИБА]]), по независноста на Црна Гора. Црна Гора досега учествувала на две европски првенства.
 
Меѓу женските спортови, [[Женска ракометна репрезентација на Црна Гора|Националниот ракометен тим]] е најуспешен, освојувајќи го [[Европско првенство во ракомет за жени 2012|Европското првенство]] во [[2012]] година и завршувајќи како второпласирани на [[Ракометот на Летните олимписки игри 2012|Летните олимписки игри 2012]]. [[ЖРК Будуќност Подгорица]] на две пати ја освоил Лигата на шампионите.
 
== Наводи ==