Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 25:
[[Податотека:Поглед на Зовички мост.jpg|мини|лево|300п|Поглед на Зовичкиот мост]]
 
Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел на областа [[Мариово]]. Припаѓа на [[Општина Новаци]] и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско [[Мариово]]. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на [[Градешка Река]]. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка [[Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ|Свети Атанасиј]], во подножјето на висорамнината [[Добро Поле]]. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село.
 
Крај селото веднаш по познатиот [[Зовички мост]], Градешка Река која извира и дотекува од планината [[Ниџе]] навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката [[Сатока]] која потоа се влева во [[Црна Река]]. Од градот [[Битола]] е одалечено околу 70 километри<ref name="енциклопедија">{{наведена книга|last=Панов|first=Митко|title=Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја|year=1998|publisher=Патрија|location=Скопје|language=македонски|pages=132}}</ref> во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата [[Рапеш]] и [[Маково]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ