Грција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 146:
 
=== Османлиски период===
 
Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на [[Отоманското Царство]] била во периодот од [[15 век]] па се до прогласувањето на независност во [[1821]] година. Овој период од [[Историја на Грција|историјата на Грција]] е познат како ''Tourkokratia''.
 
По покорувањето на [[Србија]], Османлиите во 1453 година го зазеле градот [[Цариград]], и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и [[Атина]]. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците. Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.
 
[[Податотека:Greek Janissaries - Greek youths who are being converted to Islam - Young Greeks at the Mosque - oil painting on canvas - Jean Léon Gérôme - 1865.JPG|thumb|250px|"Млади Грци во џамија" ([[Жан Леон Жером]], масло на платно, 1865]]
[[Податотека:White Tower Thessaloniki.JPG|thumb|250px|right|[[Бела кула (Солун)|Белата кула]] во [[Солун]]]]
 
Османлиска Грција била поделена во шест [[санџак|санџаци]], и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на [[султан]]от кој престолнината на Османлиите ја преместил во [[Цариград]]. Пред оваа поделба, Османлиите во царството поделбата ја вршиле врз основа на [[религијата]]. На [[Цариградска Патријаршија|Цариградската патријаршија]] и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на [[Православие|православното]] население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротиставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на [[Балкански полуостров|Балканскиот полуостров]]. Некои грчки градови, како [[Атина]] и [[Родос]], ја задржиле општинската самоуправа, додека во сите останати биле ставени османлиски управители. Некои области, како на пример полуостровот [[Мани Пелопонез]], и делови од [[Крит]] и [[Епир]], практично останале независни. За време на честите [[турско-венецијански војни]], Грците секогаш застанувале на страната на [[Венецијанска република|Вернецијанската република]], со мали исклучоци. <ref>For example, during the [[Turkish-Venetian War (1714-1718)#The Ottoman conquest of the Morea|Turkish reconquest of the Morea]] in 1715, local Greeks supplied the Turks and refused to join the Venetian army due to feared future reprisals by the Turks. (Stavrianos, L.S. ''The Balkans since 1453'', p. 181).</ref>[[Грчка Православна црква|Грчката православна црква]] помагала во голем степен во зачувувањето на грчкото наследство. Наголемите прогони на христијание во Грција се случиле во времето на [[Селим I]], кој се обидел да го искорени христијанското население од Османлиската империја, наредувајќи конфискација на сите христијански цркви.<ref>Paroulakis, p. 11.</ref> Вклучувањето на Грција во составот на Османлиското Царство имало долгорочни последици. Етничкиот состав на населението значително се изменил. Турците интензивно се населиле во [[Тракија]]. По протерувањето на [[Евреи|Евреите]] од [[Шпанија]] во [[1492]] година, голем дел од тоа население се населел во [[Солун]], кој станал главен еврејски центар на империјата. [[Грчки јазик|Грчкиот јазик]] се распаднал на регионални дијалекти, во него се додале голем број на турски зборови. Грчката музика и грчката култура заедно со нејзините елементи биле под силно влијание на османлиската.
 
По неколкуте неуспешни опсади на Отоманците на градот [[Виена]] и нејвниот пораз, во [[1683]] година, Османлиите влегле во голема економска криза која довела до зголемување на корупцијата, репресија и неефикасноста на администрацијата. Ова довело до зголемување на незадоволството на населението и до избувнување на повеќе бунтови и востанија во империјата. Грчката популација до некој степен се зголемила во текот на [[17 век]], кога населението од малите населени места во планините се населиле по градовите. Во текот на [[17 век]] и [[18 век]], се повеќе грчки службеници биле регрутирани во администативните, техничките и финансиските сектори на империјата<ref>Hobsbawm, pp. 181-185.</ref>. Во [[1700]] година, Грците ги заземале едни од највисоките функции во Отоманската држава. [[Фанариоти|Фанариотите]], како класа на најбогатите Грци, живееле во [[Фенер (Истанбул)|Фенер]], [[Цариград]]. Нивните патувања во [[Западна Европа]] довела до контакт со напредни идеи на [[либерализам|либерализмот]] и [[национализам|национализмот]], кое довело до почеток на создавањето на грчкото национално движење кое било главно насочено против османлиската власт. Грчкиот национализам бил, исто така, поттикнат од страна на агентите на [[Екатерина II]] која преку тоа се надевала да се стекне со симпатии од грчкото население, и преку потикнување на христијански востанија против Османлиите да може да го зазеде [[Цариград]]. Меѓутоа, за време на [[Руско-турска војна (1768-1774)|Руско-турската војна]] од [[1768]] година, Русија не успеела да го освои [[Цариград]], главно поради дадената помош од страна на [[Франција]] и главно поради стратегиската положба на [[Дарданели|Дарданелите]], каде биле стационирани османлиите<ref name="books.google.com">''Imperialism and science: social impact and interaction'' by George Vlahakis p.92 [http://books.google.com/books?id=LYbbZHvtJi8C&pg=PA92]</ref><ref name="books.google.com"/><ref>''An Ottoman statesman in war and peace: Ahmed Resmi Efendi, 1700-1783'' by Virginia H. Aksan p.116 [http://books.google.com/books?id=aPwBhqF3dTkC&pg=PA116]</ref><ref>[http://books.google.com/books?id=-0j8w-bL9yYC&pg=PA21 ''Armies of the Ottoman Turks 1300-1774'' by David Nicolle p.21]</ref><ref>''History of the Balkans: Eighteenth and nineteenth centuries'' by Barbara Jelavich p.117 [http://books.google.com/books?id=qR4EeOrTm-0C&pg=PA117]</ref>. Времето кога избила [[француска револуција|Француската револуција]], дополнително го озночил почетокот на создавањето на активното националистичко движење на Грција.
 
Во Наполеонските војни можеби не учествувал ниту еден грк, но сепак за нив овие војни имаат голермо значење ако се има предвид фактот што по заземањето на Венецијанската република, голем дел од Јонските острови припаднале на Грција. Во [[1800]] година била создадена првата островска држава во [[Јонско море]] наречена [[Септинсуларска република]]. Така, Грците за прв пат по [[1453]] година добиле право на самоуправување, макар и под султански надзор. По крајот на Наполеонските војни, Грците со подршка и помош на [[Французи|Французите]] и [[Британци|Британците]] започнале да се спремаат за големата војна за независност.
 
=== Кралство Грција ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Грција