Бонсаи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 67:
Заради ограничениот простор во садот за здрав развој на коренот, одржувањето во живот на бонсаи растението е одговорна и тешка задача. Плитките садови го ограничуваат кореновиот систем со што соодветното наводнување станува уметност сама за себе. Додека некои видови можат да издржат периоди на релативна суша, други бараат речиси постојана влажност во садот. Пречестото наводнување или оставање на субстратот расквасен може да резултира со габични инфекции и трулење на корењата. Сонцето, топлото време и изложеност на ветер можат бргу да го исушат растението, доколку нема доволна влажност во садот и затоа влажноста на почвата треба да се проверува на дневна база, а кога е потребно, растението да се наводнува обилно. Субстратот (земјата) во садот не смее да се остави да биде потполно сув. Лисјата на некои растенија кои се одгледуваат за бонсаи (како обичната смрека) не покажуваат знаци на оштетеност пред штетата да стане преголема, и може да изгледаат зелени и здрави дури и во случај кога коренот им е уништен.
 
Во постудени клими не смее да се дозволи почвата во садот да стане презаситена со вода бидејќи тоа доведува до гниење на корењата. Во потоплите клими, бонсаите треба да седат во плитки водоотпорни садови кога не се користат, и да им се даде можност да опсорбираат вода од дното на саксијата за да не дојде до дехидрацијадехидратација.
 
=== Пресадување ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бонсаи