Девизен пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Банкарство; додадена Категорија:Финансиски пазари користејќи го HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Мерено според обемот на трговија, девизниот пазар е убедливо најголемиот [[финансиски пазар]]: во светски рамки, дневниот промет на традиционалниот девизен пазар изнесува 4 трилиони [[Долар|долари]]. Благодарение на различните временски зони, девизниот пазар претставува единствен, глобален пазар кој работи нон-стоп. Девизниот пазар не е институционализиран, како што се [[Берза|берзите]] на [[хартии од вредност]], туку претставува мрежа на голем број [[Банка|банки]] ширум светот, меѓусебно поврзани преку средствата за комуникација ([[телефон]], [[факс]], [[интернет]]-врските, т.е. воопшто не постои физички контакт помеѓу учесниците) кои прават девизниот пазар да е единствениот пазар на кој „сонцето никогаш не заоѓа“. Сепак, најголем дел од светската трговија со девизи се извршува во неколку поголеми финансиски центри, како што се: [[Лондон]], [[Њујорк]], [[Токио]], [[Цирих]] и [[Сингапур]]. [[Банка|Банките]] се јавуваат како главни учесници на девизниот пазар, а покрај нив, учествуваат и претпријатија, девизни [[Брокер|брокери]], [[небанкарски финансиски институции]] (како што се:[[пензиски фонд|пензиските фондови]], [[инвестициски фонд|инвестиционите фондови]], [[осигурителна компанија|осигурителните друштва]] и др.) и [[Централна банка|Централните банки]]<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 366.</ref>.
<br />
Во [[2015]] година, министерството за правда на [[САД]] склучило вонсудска спогодба со четири глобални банки („[[Ситигруп]]“, „[[ЈПМорган Чејс]]“, „[[Барклис банк]]“ и [[РојалКралска банкбанка офна СкотландШкотска|Кралската банка на Шкотска]]), кои ги прекршиле правилата за антимонополско однесување на девизниот пазар. Овие банки признале дека неформално се здружиле при одредување на т.н. World Markets/Reuters fix (WM/R fix) и се согласиле да платат казна од 5,6 милијарди долари. Покрај нив, како виновна била прогласена и банката „[[УБС]]“, која се согласила да плати казна од над 500 милиони долари.<ref>Игор Давков, „Сложни браќа...“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 204, 18 јуни 2015, стр.62-65.</ref>
 
=== Функции на девизниот пазар ===