Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
Растот на Германија и на [[Соединетите Американски Држави]], до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на својата империја. Конфликтот и предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората Светска Војна британскките колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на империјата, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.
 
По крајот на Втората Светска Војна, како дел од големо деколонизациско движење водено од страна на големите европски сили повеќето територии на Британската Империја добиле независност, што завршило со предавањето на [[Хонг КонгХонгконг]] на Народна Република Кина во 1997 година. Четиринаесет територии останале под Британска власт- Британските прекуморски територии. По независноста, многу поранешни британски територи се приклучиле кон Комонвелтот на нациите- слободно здружение на независни држави. 16 нации на Комонвелтот имале заеднички водач- Кралицата Елизабета II.
 
==Почетоци (1497-1583 година)==
Ред 87:
==Укинување на робството==
 
Британската Влада која била под притисок од страна на движењето за укнување на робството го донела актот за трговија со робови во 1807 година со што се укинала трговијата со робови во целата империја. [[Сиера Леоне]] била признаена за колонија на ослободени робови на 1 август 1834 година (со исклучок на Света Елена, Цејлон и териториите со кои раководела Источно-индискатаИсточноиндиската компанија, иако овие држави подоцна го прифатиле актот). Со овој акт, на робовите им била дадена целосна еманципација откако ќе поминеле од 4 до 6 години туторство.
 
==Век на Британската Империја (1815- 1914 година)==
Ред 96:
Британските империски сили биле зголемени поради парната машина и телеграфот, нови технологии кои биле измислени во средината на 19-тиот век со кои империјата ја зајакнала својата контрола, а воедно се здобила и со подобра одбрана. До 1902 година Британската империја била целосно внатршно поврзана со телеграфски кабли кои се нарекувале Црвена Линија.
 
==Источно- ИндискатаИсточноиндиската компанија во Азија==
 
Источно- ИндискатаИсточноиндиската компанија довела до проширување на Британската империја во Азија. Армијата на компанијата била здружена со кралската морнарица за време на Седумгодишната Војна и тие две продолжиле да соработуваат на бојните полиња надвор од Индија, во битка со Наполеон кај Египет, во освојувањето на Јава од Холандија (1811 година), освојувањето на Сингапур (1819 година) и Малака (1824 година) и во поразот на Бурма (1826 година).
 
Од својата база во [[Индија]], Компанијата исто така била вклучена во многу профитабилна трговија со извоз на опиум со Кина уште од 1730-тите години. Оваа трговија, која била незаконска бидејќи династијата Оинг ја прогласила за таква во 1729 година, помогнала да се отстрани трговската нерамнотежа која се создала како последица од увозот на чај во Британија кој предизвикал голем одлив на сребро од Британија во Кина. Во 1839 година, конфискацијата на 20 000 сандаци со опиум од страна на кинеските власти ка Кантон, ја предизвикала Британија да ја нападне Кина во Првата опиумска војна, и како поседица од тоа Хонг КонгХонгконг, кој во тоа време бил мала населба,бил под британска опсада .
 
Во 1857 година бунтот на сепоите, индиски трупи под команда на британски офицери, прераснал во поголем конфликт кој завршил со распаѓање на компанијата и со преземање на контролата од страна на британската влада. Биле потребни шест месеци за да се задуши индиското востание чија што последица бил огромниот број на човечки жртви од двете страни.
Подоцна британската влада призела директна контрола врз Индија со што започнал периодот познат како Британскиот Раџ во кој со Индија управувал назначен гувернер- генерал, а кралицата Викторија била крунисаната императока на Индија. Источно- ИндискатаИсточноиндиската компанија се распаднала наредната година.
 
Индија претпела големи загуби на житарки во последните години од 19-тиот век, што предизвикало масовно ширење на глад од што починале над 15 милиони луѓе. Источно-ИндискатаИсточноиндиската компанија не успеала да спроведе координирана политика со цел да се справи со гладот за време на своето владеење. Ова се сменило за време на Раџот, кога се спроведувале истажувања за причините за гладот со цел да се спроведат нови политики чиј ефект се почувствувал дури во почетокот на 20-тиот век.
 
==Ривалство со Русија==
Ред 114:
==Од 'Ртот до Каиро==
 
Холандската Источно- ИндискаИсточноиндиска компанија ја основала колонијата на 'Ртот на јужниот крај на Африка во 1652 година како пристаниште за нивните бродови кои патувале до и од нејзините колонии во Источна Индија. Британија во 1806 година, формално, ја освоила колонијата и нејзиното многубројно африканско население (Бури), а во 1795 година ја окупирала со цел да ја спречи Франција да ја освои, откако Франција ја окупирала Холандија. Британското имигрирање започнало по 1820 година и се насочило кон Боерите, кои го одбивале британското владеење, со цел имигрантите да основаат свои независни републики кои не траеле долго за време на Големото патување на крајот на 1830-тите години и првите години од 1840-тите години. Во тој процес наречен “Вутрекерс” (буквално пионери, оние кои први одат напред) постојано запаѓале во инциденти со британците кои имале за цел колонијална експанзија во Јужна Африка и колонизација на некои африкански староседелци вклучително и нациите Сото и Зулу. На крајот Бурите основале две републики кои траеле подолго време, Јужноафриканскта Република и Трансвалската Република (1852-1877година и 1881-1902 година) и Портокаловата Слободна ДржаваБури (1854-1902). Во 1902 година Битанија ги окупирала двете републики и склучила договор со двете боерски републики по Втората бурска војна (1899-1902 година).
 
Во 1869 Суетскиот Канал бил отворен под контрола на Наполеон III со што средоземјето се поврзало со Индискиот Океан. Британците прво се противеле на каналот, но откако се отворил, брзо ја препознале неговата стратешка вредност. Во 1875 година конзервативната влада на Бенџамин Дирсаели за 4 милони фунти откупила 44% од Суецкиот канал од задолжениот египетски владетел Исмаил Паша (280 милиони фунти во 2011 година). Иако ова не гарантирало целосна контрола над стратешкиот воден пат, сепак ја поставило Британија во поволна положба. Здружената Англо-Француска контрола над Египет завршила со британска окупација во 1882 година. Французите биле мнозинство од акционерите и се обидувале да ја ослабат британската позиција но се постигнал компромис во 1888 година со Конвенцијата од Константинопол со што каналот официјално станал неутрална територија.
Ред 152:
Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија и имперјата останале сами да се борат против Германија се до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Френклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сѐ уште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.
 
Во декември во 1941 година, Јапонија спровела напади врз британската [[Малаја]], поморската база на Соединетите Држави, Перл Харбор и Хонг КонгХонгконг. Јапонија постепено прераснала во империска сила на Далечниот Исток откако ја поразила Кина во Првата Сино-јапонска војна во 1985 година, со што таа почналла да планира поголема свера на влијание во Источна Азија под нејзино влијание. Јапонските напади врз британските и американските територии на Пацификот оставиле долготрајни последици во Британската Империја. Мислењето на Черчил на влезот на Соединетите Држави во војната било дека сега Британија има сигурна победа и дека иднината на Империјата е безбедна, но начинот на кој британците набрзина се предале во некои од колониите го нарушиле британскиот престиж како империска сила. Најголемиот дел од штетата било предавањето на Сингапур, кој важел за несрушлива тврдина и бил источниот еквивалент на Гибралтар. Британија сфатила дека нема да може да ја брани целата империја и затоа ги подтурнала Австралија и Нов Зеланд, кои биле под закана од страна на јапонските сили, да воспостават поблиски врски со Соединетите Држави, што по војната се претворило во пактот АНЗУС во 1951 година кој бил помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави.
 
==Деколонизација и распад (1945-1997 година)==
Ред 160:
Истовремено, започнале антиколониските движења во колониите на европските народи. Состојбата дополнително се ископлицирала со започнувањето на Студената војна и ривалството помеѓу [[Советскиот Сојуз]] и Соединетите Држави. Во принцип, двете нации биле против европскиот колонијализам. Сепак, во практиката, Американскиот анти-комунизам, преовладал во поглед на анти-империјализмот, и затоа Соединетите Држави ја поддржале Британската Империја и постојано го контролирале ширењето на комунизмот.
 
Со текот на времето се покажало дека деновите на Британската Империја и се избројани и само што се стабилизирала, Британија започнала политика на мирно осамостојување на колониите, некомунистичките влади, пак, ја преземале моќта. Ова се косело со другите европски сили како Франција и Португалија, кои воделе скапи и неуспешни војни со цел да ги задржат своите империи. Пмеѓу 1945 година и 1965 година, бројот на луѓе кои биле под британска власт, надвор од Британија од 700 милиони опаднал на 5 милиони од кои три милиони се наоѓале во Хонг КонгХонгконг.
 
==Првично осамостојување==
Ред 199:
Осамостојувањето на Родезија како Зимбабве, Нов Хебридес како Вануау в 1980 година, и Белизе во 1981 година значело дека со исклучок на грст сотрови (и заземањето на ненаселенит остров во Атлантскиот Окан) процесот на деколонизација, започнат уште по Втората светска војна, веќе завршил. Британската одлучност да ги брани оние територии кои и отанале биле ставена на тест кога Аргентина извршила инвазија врз Фолкландските Острови, врз основа на долгогодишни барања кои датирале од Шпанската Империја. Британската исклучително успешна воена реакција да ги поврати островите за време на Фолкландската војна многу луѓе ја гледале како придонес за враќањето на британската моќ. Истата година канадската влада ја прекинала и последната законска врска со Британија со одвојувањето на Канадскиот устав од Британија. Канадскиот акт од 1982 година бил прифатен од страна на британскиот парламент и ја елиминирал потребата од британското мешање во канадскиот устав. Исти акти биле поднесени и прифатени и за Австралија и Нов Зеланд во 1986 година.
 
Во септември 1982 година премиерката [[Маргарет Тачер]] отпатувала во Пекинг да преговара со кинеската влада за иднината на британската најголема и најнаселена прекуморска територија, Хонг КонгХонгконг. Под условите наведени во Договорот од Нанкинг во 1842 година, самиот остров Хонг КонгХонгконг и припаѓал на Британија но најголемиот дел населението во колонијата им припаѓало на новите територии кои биле добиени на време од 99 години во 1898 година кое истекувало во 1997 година. Тачер ги забележала сличностите со Фолкландките Острови и прво сакала да го задржи Хонг КонгХонгконг и затоа предложила британска администрација со кинески суверенитет, но Кина ова го одбила. Се постигнал договор, во 1984, под условите наведени во Сино-британската здружена декларација, Хонг КонгХонгконг да стане посебен административен регион од Народна Република Кина, и како таков да постои најмалку 50 години. На церемонијата за предавање на Хонг КонгХонгконг во 1997 година учествувал и Чарлс, Принцот од [[Велс]]. Оваа церемонија за многумина го означила крајот на Империјата.
 
==Наследство==