Драги Стефанија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox person | name =Драги Стефанија | image = <!-- filename only, no "File:" or "Image:" prefix, and no enclosing b...
(нема разлика)

Преработка од 20:04, 30 јуни 2019

Драги Стефанија Охрид, 10 ноември 1933 - Охрид, 17 јуни 2019) — истакнат македонски лингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист.

Драги Стефанија
Роден(а)10 ноември 1933
Охрид,  Кралство Југославија
Починал(а)17 јуни 2019
Охрид, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањелингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист

Биографија

Стефанија бил роден во Охрид на 10 ноември 1933 година, каде што завршил основно и средно образование. Филозофски факултет на групата македонски јазик и литература, книжевност на народите на СФРЈ и руски јазик завршил 1958 година, а 1. степен право во 1960 година. Како студент бил соработник во весникот на Скопскиот универзитет Студентски збор, а во Институтот за македонски јазик бил собирач на дијалектно градиво. Извесно време бил стручен соработник по македонски јазик за квалификувани и висококвалификувани работници и подготвителни курсеви за упис на високите школи на луѓе без матура во Работнички универзитет во Скопје.

По скопскиот земјотрес се вратил во Охрид и работел во Заводот за школство на Охридска околија, како просветен советник за училиштата од 2.степен и бил уредник на списанието за стручно-педагошки проблеми Актуелности – околу 3 години. Од 1965 година бил дописник на Радио Скопје, подоцна и на телевизија. Во 1967 година станал лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Љубљана каде што докторирал во 1980 и во 1982 година станал доцент, во 1986 бил избран за вонреден и во 1990 година за редовен професор по македонски јазик и литература на истоимената катедра. Од доцентурата до пензионирањето бил шеф на македонистичката катедра, којашто сам ја основал, а 4 години ја водел и југославистичката група. Д-р Стефанија објавувал македонистички и компаративистички студии и книги во Македонија, Словенија, Хрватска, Германија, Унгарија, Полска, Украина. Починал во Охрид на 17 јуни 2019 година.[1]

Наводи