Шкрети: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.28.238.216 (разговор), вратено на последната верзија на Sashko1999
Ознака: Отповикување
Ред 7:
 
==Предание==
Кај овие луѓе постои едно широко раширено предание дека кога во целиот Рекански крај надвладеале насилства и злосторствата, едни за да се избават од тие неволји се согласиле да ја променат верата, тие се согласиле да го променат (прифатат) јазикот<ref name="Шаревски">{{наведена мрежна страница|url=http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=723D87642DA53D4DBBD81614EDD37276|title=За припадноста на луѓето од Горна Река|last=Шаревски|first=Марио|date=18.12.2014|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=30 октомври 2015}}</ref>. Дека ова предание може да има извесно голема веродостојност потврдуваат поголем број историски факти, податоци и споменици. Имено, најголемиот дел или речиси сите имиња на селата и местата во кои живеат овие луѓе се со потекло од [[Македонски јазик|македонскиот јазик]]. Потоа, токму овој предел почнувајќи од 17 век бил портата преку која навлегувале качачките пљачкашки банди, а подоцна и се населувале Албанците во [[Македонија]]. Во условите на несигурност на [[Отоманско царство|Отоманската Империја]], овие предели биле владеени и управувани од паши кои биле [[Албанци]]. Во тој поглед не треба да зачудува фактот дека албанскиот јазик се ширел врз оние луѓе кои биле непосредно изложени на контакти со албанските банди или заштитници-[[сејмени]], за разлика од оние кои станале муслимани и во услови на една верски организирана држава уживале одредена безбедност и сигурност и биле оставани на мир. Дека албанскиот јазик се ширел и прифаќал од христијанско македонско население и надвор од Горна Река, сведочат записите на бугарскиот етнограф и статистичар [[Васил К’нчов]] (кој луѓето од Горна Река ги запишувал како православни Арнаути) и рускиот лингвист [[Афанасиј Селишчев]], кој сведочат дека и жителите на селата во Мавровското Поле биле двојазични, односно покрај македонскиот го зборувале и владееле и албанскиот јазик, исто како и селото [[Горно Јеловце]] и неколку други во [[Полог]]. Оваа појава била позната и во други краишта, па и во обратна насока сведочат записите на македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], за скопското село Љуботен во кое помалубројните христијани го примиле албанскиот јазик како и за костурското село [[Статица]], чии жители иако биле со албанско потекло под влијание на околните села го примиле македонскиот јазик и самосвест.
 
== Асимилација ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Шкрети