Локвица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 50:
За време на илинденскиот период населението било изложено на брутални репресии од [[Отоманска Империја|отоманската власт]]. Него го карактеризираат случувањата на Комитетот на организацијата што го создале [[Ѓорѓи Сугаре]] и [[Ѓурчин Секулоски]] во [[1902]] година, во куќата на '''поп Мицко''' кој бил избран за началник. По неуспехот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] не згаснала револуционерната мисла за национално ослободување кај македонското население. Војводите продолжиле со четите да дејствуваат повлечени во своите реони. Војводата Арсо се повлекол во [[Крапа|Крапската Планина]]. Селаните од Локвица, [[Црешнево (Порече)|Црешнево]] и [[Крапа]] ги обезбедувале со храна.
 
Во септември [[1903]] година Ибраим ефенди дошол да собира данок. Османлиите биле бесни. Тие му наредиле на селскиот коџобашија '''Јован Трајкоски''' да ги собере селаните во куќата Попоска. Коџобашијата се обидел да ги заштити селаните, но Ибраим почнал прво да удира по него. Кога арачлиите се враќале од селото, Арсо Војводата ги пречекал кај [[Пешна]]. Во борбите загинале неколку [[сејмени]], а бил ранет и еден комита. Воденичарите Трајко Сеиџимоски и Огнен Кимбески го засолниле ранетиот комита. По преврзувањето го однеле кај коџобашијата за да го однесат во трлото Кицеско и таму да го лекуваат. Османлиската власт испратила аскер во Локвица. По крвта што капела од ранетиот комита ги фатиле воденичарите. Од тепањето тие не можеле да издржат, а да не кажат каде е ранетиот комита. Аскерот го блокирал селото и ги собрале сите селани и почнале да го тепаат попот Мицко и Трајко коџобашијата. Турците успеале да го фатат ранетиот комита и го натерале да ги покажува селаните кои биле вклучени во организацијата од куќа на куќа. Фатените селани биле собрани и протерани во [[Кичево]]. Оттаму биле префрлени во [[Битола]] и осудени на 101 година затвор: Поп Мицко Трајкоски, Јован Трајкоски, Костадин Војноски, Томе Војноски (син на Костадин), Аризанко Кочоски, Јованче Брајаноски, Велко Попоски, Никодин Ѓорѓиоски, Митре Стојаноски, Стојко Видески, Нове Видески, Стојан Тодоровски, Аризанко Тодоровски, Трајко Сеиџимоски, Огнен Кебески, Димко Павловски и Јованче Стојаноски. Осудените биле протерани во [[Анадолија]] во [[Дијарбакир]]. По уриетот во [[1908]] година ослободени се поп Мицко и Трајко Прошески, а другите умреле како последица на мачењето, темницата и слабата исхрана.
 
=== Потекло и значење на името ===
 
Името на селото Локвица доаѓа од [[Македонски јазик|македонскиот]] збор ''локва'' кој означува место односно вдлабнатина во која што се задржува (дождовна) вода. Според кажувањата забележани во некои записи селото го добило името по локвата која се наоѓа во еден вртач на јужната страна од селото.<ref name="Порече" /> Имено оваа помала локва, која и денес постои и се користи од ловците на дивеч, се наоѓа на самиот врв на планинскиот гребен веднаш југ-југоисточно над селото од каде што започнува трасата на цевките за водоводот. Во околината над самото село има неколку други локви со вода, од чие што постоење веројатно селото го добило своето име. При искачувањето на падината Бел Камен во подножјето на планината Даутица, пред влезот на селото, од левата страна на патот има бара, локва вода која не пресушува цела година и по која населбата го добила името.
 
== Стопанство ==
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Локвица