Требеништа (некропола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка
додавање рефернци
Ред 15:
 
=== Златни погребни маски ===
Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето, а се откриени во гробовите I, V, VIII и IX, од требенишката некропола<ref>100 Years of Trebenishte, Софија 2018 стр. 59</ref>. Веројатно дека тие се дело на локални мајстори, а како такви зборуваат за верувањата и ритуалите кај популациите кои ги населувале тие области. На територијата на Р. Македонија откриена е уште една маска во Охрид и еден фрагментиран примерок во Петилеп-Беранци. Погребни маски се откриени и во архајската некропола кај [[Синдос]], близу Солун и еден слабо сочуван примерок, од колекцијата Стататос, која се чува во Археолошкиот музеј во [[Атина]], а кој потекнува од халкидичко-долноповардарскиот простор.
 
Заедничка карактеристика на маските е втиснатата [[орнамент]]иката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век п.н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски - портрети се формални, бидејќи [[Микена]] и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот обичај на обложуање на телото на покојникот со злато, па веројатно и маските од Требениште припаѓаат на иста инспирација<ref>100 Years of Trebenishte, Софија 2018 стр. 61</ref>. На маската откриена во гробот I, е претставена пчела. Пчелата се поврзува со јонскиот култ на божицата Мелиса ([[Артемида]]), која има критско, претхеленско појавување. Во [[Египет]] таа претставува еден од првите кралски симболи и во погребниот обреден систем ја претставува душата на дивинизираниот покојник, т.е. ја симболизира неговата моќ. Посредството на [[Крит]] во пренесувањето на овој обичај посочувано е од повеќе научници, а легендата за Кадмо и Хармонија можеби сведочи за доаѓањето на критски и кипарски колонисти во областа на Македонија. На [[Крит]] е потврдено постоењето на обичајот на хероизирање на покојникот. На [[саркофаг|саркофагот]] од Хагија Тријада е прикажана сцена со претстава на мумифициран покојник со маска, а откриена е и маска во Мулијана на Крит, како и сребрени сандали од Библос.
 
=== Златни сандали, нараквици и надградник ===