Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''[[Пиринска Македонија]]''' од секогашотсекогаш била дел на етногеографската област [[Македонија (регион)|Македонија]] и поради тоа на нејзиното подрачје се случиле повеќе значајни настани од македонската национална историја, од таму потекнуваат многу македонски национални борци, дејци и историски личности кои дејствувале и работеле на подрачјето на Пиринскиот дел на [[Македонија (регион)|Македонија]]. Една од најпознатите македонски историски личности од овој дел на [[Македонија (регион)|Македонија]] е [[Јане Сандански]], друг познат македонски борец и деец од [[Пирин]]ско е поетот и револуционер [[Никола Вапцаров]]. На подрачјето на [[Пиринска Македонија]] е дигнато познатото [[Македонско востание]] против турската власт во 1878/79 година со центар во [[Кресна]], а исто така е изведено и познатото грабнување на америкнаската мисионерка [[Мис Стон]] во 1901 година. Уште од античко време на подрачјето на [[Пиринска Македонија]] било населувано од античките народи [[Тракијци]], [[Пајонци]] и [[Антички Македонци|Македонци]], а била приклучена и кон царството на [[Античка Македонија]].
 
==Појава на именувањето и терминот Пиринска Македонија==
 
Употребата на термиот Пиринска Македонија за прв пат се среќава кај [[Димитар Влахов]], поточно во неговата статија „Македонските славјаниСлавјани против Гитлер“Хитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во [[Москва]] на [[4 септември]] [[1942]] година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на [[4 април]] [[1944]] година<ref>Јотевски, Васил. ''Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948''. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5</ref>. Овие изрази што ги употребил [[Димитар Влахов]] во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на [[АСНОМ]] што било одржано во [[Скопје]] од 28 - 30 декември [[1944]], при што од тогаш па се до денес ќе се задржи именувањето [[Пиринска Македонија]] и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на [[Македонија (регион)|Македонија]] во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата<ref>Јотевски, Васил. ''Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948''. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5</ref>.
 
== Македонско (Кресненско) востание ==
Ред 19:
''Види [[Прва балканска војна]]''
 
По завршувањето на Балканските војни, [[Пиринска Македонија|Пиринскиот дел на Македонија]] заедно со [[Струмичко|Струмичката област]] влегуваат во составот на царството [[Царство Бугарија|Бугарија]]. Во рамки на Париската мировна конференција по завршетокот на Првата светска војна, со Нејскиот мировен договор од [[1919]] година, [[Царство Бугарија|Бугарија]] го отстапува [[Струмичко]] на кралството [[Кралство Југославија|Југославија]], при што Пиринскиот дел на Македонија ги добива границите во кои е определен се до денешни дни. Во периодот по Балканските и меѓу двете светски војни, врз основа на договорите за размена на население помеѓу [[Царство Бугарија|Бугарија]] и [[Кралство Грција|Грција]], значаен број на [[Македонци]] од [[Егејска Македонија]] се доселува во овие краишта. Исто така, во овој период [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]], а подоцна и [[Ванчо Михајлов]], ја користат [[Пиринска Македонија]] како база и засолниште од каде често се уфрлуваат во [[Вардарска Македонија]] извршувајќи вооружени напади врз српската (југословенската) жандармерија, војска како и врз населбите со српски доселеници - колонисти. Дејноста и организираноста на [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]] и [[Ванчо Михајлов]] ќе бидат толку големи, што тие во [[Пиринска Македонија]] ќе воспостават своја неазвиснанезависна власт, за што на крај ќе мора да интервенираат и официјалните бугарски власти под наредба на бугарскиот цар за нејзино отстранување.
 
== Пиринска Македонија во Втората светска војна ==
Ред 27:
== Започнување на процесот за припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија ==
 
[[Георги Димитров]], водачот на [[Отчествен фронт|Отечествениот фронт]] и првиот пртеседател на НР [[НР Бугарија]] кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на [[Разлог]], е единствениот бугарски [[државник]] кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, [[македонски јазик|македонскиот јазик]] како посебен [[словенски јазик]], македонската историја и [[Република Македонија]] (тогаш [[Социјалистичка Република Македонија|Народна Република Македонија]]) како национална држава на [[Македонци]]те, туку и се залагал за целосно обединување на [[Македонија (регион)|Македонија]] во рамките на [[Балканска Федерација]].
 
Георги Димитров во своето писмо од [[1934]] година до [[МНС]] од [[Детроит]] вели<ref>Ташковски, м-р Драган. ''За Македонската нација''. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.12</ref>:
Ред 34:
''Македонското движење има многу непријатели . Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен непријател се агентите на бугарскиот [[империјализам]], бугарскиот [[монархизам]], бугарскиот [[фашизам]] и, пред се бандата на [[Ванчо Михајлов]] ...... ''
''Не може дада има успешна борбаа против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање на македонските маси од таа опасна банда, без полното елиминирање на нејзината јудинска улога во македонското движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на [[ВМРО]] на Ванчо Михајлов)...... ''
'' '''Само единствената револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, [[Кралство Југославија|Југославија]] и [[Кралство Грција|Грција]] може да доведе до победа на македонската ослободителна [[револуција]]''' ''<ref>Ташковски, м-р Драган. ''За Македонската нација''. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.13</ref>.
 
Овие свои ставови Георги Димитров подоцна и ќе ги потврди со формулирање на следниве три точки:{{факт}}