Богомилство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отстрането уредувањето на 130.204.149.153 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91
Ознака: Отповикување
Ред 1:
[[Податотека:Razvoj bogumilstva.jpg|мини|десно|250п|Развој на богомилството од X до XV век]]
'''Богомилство''' — [[христијанско]] верско учење во средновековна [[БугарскаМакедонија]] и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на [[феудализмот]] и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било [[дуализам|дуалистичко]] учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале [[крст]]от како свој верски симбол, не граделе [[Црква (објект)|цркви]] и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека [[Исус]] не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по [[Поп Богомил|попот Богомил]], по кого, пак, е наречено селото [[Богомила]].
 
== Појава на богомилството ==
[[Податотека:Наум и Богомилите.jpg|мини|десно|[[Свети Наум]] и богомилите]]
Крајот на 9 и почетокот на [[10 век]] е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот [[Цар Симеон I|цар Симеон]] (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во [[Прво бугарско царство|Бугарското царство]]. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските [[Општина|општини]]. Во овој процес била вклучена и [[Црква|црквата]], која добивала поседи како подарок од [[Владетел|владетелите]]. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на [[монархија]]та, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
 
 
Околностите во кои се нашле [[Македонци]]те, посебно се влошиле во средината на [[10 век]], за време на владеењето на [[Цар Петар I|царот Петар]] ([[927]]-[[969]]), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во такви критични историски услови, се појавило силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството.
Ред 14:
 
== Учењето на богомилите ==
Движењето го започнал попот Богомил за чие постоење нема сомнение. ОваТешко е точно да се одреди каде се појавува ова движење, но сигурно е дека се појавува во [[БугарскаМакедонија]]. Според легендата, попот Богомил бил по потекло од селото [[Богомила]], велешко, а живеел и се криел на планината [[Бабуна]]. Богомилите биле под влијание на [[манихејство]]то, но и на старата [[словенска религија]]. Тие верувале дека светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто.
 
Богомилите учеле дека отпрвин постоел добриот [[Бог]], којшто ја создал огромната [[вселена]], составена од четири основни елементи - [[оган]], [[вода]], [[воздух]] и [[земја]]. Добриот Бог создал седум небеса во огромната вселена, и тоа било неговото царство. Божјото царство Бог го управувал со помош на својот син Сатанаил, познат и како Самаил, ѓавол и мамон, како и со помош на голем број ангели. По извесно време, [[Сатана]]ил го изневерил татка си: откако привлекол на своја страна дел од ангелите, решил да создаде свое царство на седмото небо, ветувајќи им на своите следбеници ослободување од тешките даноци. Но, Бог го открил заговорот. Сатанаил и неговите ангели ги спуштил на земјата, и ги лишил од короните, алиштата и венците. На земјата Сатанаил почнал да си гради царство: создал мориња и океани, наредил на земјата да растат растенија и да се одгледуваат животни, а во морињата риби. Откако го направил тоа, решил да го направи и човекот, кој ќе личи на него и ќе му слугува. Така според богомилските сфаќања биле создадени [[Адам и Ева]].<ref>Бранко Панов, „Средновековна Македонија“, Мисла, Скопје, 1985, том 3, стр. 288-289.</ref>