Богомилство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 4:
== Појава на богомилството ==
[[Податотека:Наум и Богомилите.jpg|мини|десно|[[Свети Наум]] и богомилите]]
 
Крајот на 9 и почетокот на [[10 век]] е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот [[Цар Симеон I|цар Симеон]] (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во [[Прво бугарско царство|Бугарското царство]]. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските [[Општина|општини]]. Во овој процес била вклучена и [[Црква|црквата]], која добивала поседи како подарок од [[Владетел|владетелите]]. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на [[монархија]]та, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
 
Околностите во кои се нашле [[Македонци]]те, посебно се влошиле во средината на [[10 век]], за време на владеењето на [[Цар Петар I|царот Петар]] ([[927]]-[[969]]), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во такви критични историски услови, се појавило силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството.