Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Првите жители на овој простор се населиле пред нашата ера, за што сведочат остатоци од антички ѕидини и голема некропола во која се вршени погребувања во текот на осум столетија, од 4 век п.н.е. до 4 век н.е. Од епиграфските споменици вградени во манастирската црква и собрани во дворот на манастирот се дознава името на населбата, Колобаиса, култен центар на Аполон и Артемида.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 7</ref>
 
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот [[Стефан Урош II Милутин]]. [[Цар Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите [[Андроник II Палеолог|Андроник II]] и [[Михаил IX Палеолог|Михаил IX]]. Целата сцена била целосно пресликана кон крајот на 19 век. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот владетел [[Стефан Урош II Милутин]], а подоцна царот Душан и неговиот син [[Стефан Урош V]]. На источниот ѕид од надворешната припрата до западниот влез во храмот, бил насликан портрет на Стефан Душан, кој во 19 век бил прекриен со малтер, а потоа врз него насликан портретот на Стефан Немања.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 9</ref>
 
Скрипториумот во овој манастир ја започнал својата активност уште во 14 век, а во 16 век се интензивирала работата, и на тој начин манастирот ги обезбедувал околните цркви со богослужбена литература, и манастирската библиотека со нови книги. Последните книги испишани од рацете на трескавечките монаси датираат од првата половина на 18 век, по што духовниот живот во манастирот почнал да замира.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 10</ref> Со укинување на Охридската архиепископија во 1767 година, монашкото братство се намалило, а манастирот западнал во финансиски тешкотии.
 
Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
Ред 20 ⟶ 22:
===Во XIX век===
[[Податотека:Portrait of the hieromonk Samoil.jpg|мини|десно|''Портрет на јеромонахот Самуил од манастирот Трескавец'', насликан од [[Дичо Зограф]], 1854]]
 
Во третата деценија на 19 век, игуменот Висарион и монахот Амвросиј го изградиле покриениот дел на католиконот, а нивните ликови биле насликани во една од засводените ниши. Две децении подоцна, во 1854 година, Дичо Зограф го насликал ликот на јеромонахот Самуил, кој е еден од последните монаси што живееле во манастирот.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 10</ref> Од втората половина на 19 век, грижата за манастирот ја презеле свештениците од околните села.
 
Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година опис на тогашната состојба и прилики во манастирот дава македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]]. При самите поли на [[Златоврв]] на една мала зарамнетост е манастирот Трескавец или Св. Богородица – еден од старите и богати манастири кај нас<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Патникот по патот од [[Градско]] за [[Прилеп]], штом се покаже на [[Плетвар]], пред него живописно се издигнува игловидниот Златоврв, во полите на кој што, како залепен за карпите се белее Трескавец. Тој има валчест, макар што неособено широк двор, на сред кој е црквичката. Таа е стара, мала и со три кубиња. Средното од нив е расцепено, треснато од една грмотевица, поради што и манастирот е наречен Трескавец<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Од сите страни е заобиколен со згради на 2 ката, со исклучок на јужната страна каде што стои ниска еднокатна стара зграда. Портата е во западниот крај и над неа е издигната камбанаријата<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Од [[Прилеп]] до манастирот води кривулест, скалест и каменест пат, по кој тешко се оди заседнат на коњ, а од западната страна по земјената западна падина на Златоврв, селаните од околните села Присад, Дупјачани и Небрегово идат во манастирот на чествување, по козји патеки. Манастирот е доста богат. Освен од гостите кои многу го посетуваат како стара светост, многу народ се собира и за панаѓурот на 15-ти август, на кој што доаѓаат луѓе од цело [[Прилепско]], [[Велешко]], [[Тиквешко]] и [[Крушевско]], но главните приходи му доаѓаат од движните и недвижните имоти<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>. Тој е под управата на прилепската општина, која од него зема приход за градските училишта 150-200 лири годишно. Во манастирот нема калуѓери<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>.