Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Првите жители на овој простор се населиле пред нашата ера, за што сведочат остатоци од антички ѕидини и голема некропола во која се вршени погребувања во текот на осум столетија, од 4 век п.н.е. до 4 век н.е. Од епиграфските споменици вградени во манастирската црква и собрани во дворот на манастирот се дознава името на населбата, Колобаиса, култен центар на Аполон и Артемида.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 7</ref>
 
Манастирот Tрескавец е еднокорабна градба, со тристрана олтарска апсида на исток и бочни капели, посветен на [[Успението на Пресвета Богородица]], изградена во XIII век на остатоците на ранохристијанаки храм, кој во XIV век бил обновен и даруван од српскиот [[Стефан Урош II Милутин]]. [[Цар Душан]] станал ктитор на манастирот после победата над [[Византија]] во [[1334]] година. Манастирот Трескавец бил изграден во текот на отоманската управа над ова подрачје, во архитектонски стил кој се развил под влијание на византиското градежништво. Податоците за изградбата на средновековниот манастир со црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, за жал, не се зачувани. Единствен извор кој не упатува за неговото постоење од првата половина на XIII век се Трескавечките повелби на Цар Душан, во кои е истакнато дека манастирот бил под јурисдикција на [[Охридската архиепископија]], а во него било практикувано источноправославното монаштво под заштита на византиските владетели. Споменувањето на Душановите претходници, освен во повелбите, е зачувано и во натписот над влезната манастирска врата, каде се насликани фигурите на владетелите [[Андроник II Палеолог|Андроник II]] и Мануил[[Михаил IX Палеолог|Михаил IX]]. Целата сцена била целосно пресликана кон крајот на 19 век. Како дарител на манастирот се споменува и српскиот владетел [[Стефан Урош II Милутин]], а подоцна царот Душан и неговиот син [[Стефан Урош V]]. На источниот ѕид од надворешната припрата до западниот влез во храмот, бил насликан портрет на Стефан Душан, кој во 19 век бил прекриен со малтер, а потоа врз него насликан портретот на Стефан Немања.<ref>Александар Василевски: Манастирот Трескавец, Скопје 2017, Издавач: Министерство за култура на РМ, Управа за заштита на културното наследство, стр. 9</ref>

Датирањето на манастирот од почетокот на XIII век се поткрепува и врз основа на архитектонската конструкција на црквата „[[Успение на Пресвета Богородица]]“, која е доградувана во неколку фази.
 
===Во XIX век===