Бертолт Брехт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Живот и дело: дополнување
→‎Живот и дело: ситна поправка
Ред 32:
Брехт се родил во Аугсбург, во граѓанско семејство, но уште од раната младост бил близок на германското револуционерно движење. За тоа сведочи описот што го дал германскиот писател Леон Фојхтвангер при првата средба со осумнаесетгодишниот Брехт, кој му ја донесол својата драма за [[Спартак]]. Во [[1920]]-тите Брехт се запознал со [[Марксизам|марксистичките]] погледи на светот и започнал да пишува ангажирани драми на разни општествени теми. Во тој период се поврзал со напредните германски интелектуалци, особено со режисерите Пискатор и Рајнхарт и започнал да работи во нивните театри.<ref>Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, ''Majka Hrabrost i njena deca''. Beograd: Rad, 1964, стр. 87-88.</ref> Брехт студирал природни науки и медицина во [[Минхен]], но набрзо се посветил на театарот. До доаѓањето на [[Нацисти|нацистите]] на власт во [[1933]], Брехт напишал повеќе дела ([[роман]]и, драми и социјални поеми) од кои попознати се: „Домашни проповеди“ (поезија) „[[Баал (драма на Брехт)|Баал]]“, „Тапани во ноќта“, „Човекот е човек“, „[[Опера за три гроша]]“, „Линдберговиот лет“, „Оние кои велат да и оние кои велат не“, „Мајка“ (според истоимениот роман на [[Максим Горки|Горки]]), „Подемот и падот на градот Махагони“. итн.<ref>Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, ''Majka Hrabrost i njena deca''. Beograd: Rad, 1964, стр. 88.</ref> <ref>Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 183.</ref>
 
Во 1933 година, утредента по палењето на Рајстагот, Брехт заминал во доброволен егзил во [[Данска]], каде живеел во местото Сковсбостранд во близината на [[Свендборг]].<ref>Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 183.</ref> Потоа, тој преминал во [[Шведска]] и во [[Финска]] и најпосле се доселил во [[САД]], во [[Санта Моника]]. За време на престојот во Данска ја напишал антифранкистичката драма „[[Пушките на Тереза Карар]]“, ја подготвувал новата поставка на „[[Опера за три гроша]]“ на сцената во Париз и ја напишал [[Антинацист|антинацистичката]] драма „[[Ужасот и бедата на Третиот рајх]]“ која била премиерно изведена во [[Париз]] од страна на германските глумци-емигранти на чело со неговата сопатничка [[Хелена Вајгел]], за три недели ја напишал драмата „[[Животот на Галилеј]]“ и учествувал во острата расправа за [[Експресионизам|експресионизмот]] која подоцна била објавена во московското списание „Das Wort“ кое го уредувале германските писатели-емигранти. Истовремено, тој ги скицирал теориските текстови за книгата „[[Купување месинг]]“, ја напишал драмата „[[Мајката храброст и нејзините деца|Мајката Храброст и нејзините деца]]“, почнал да ја пишува драмата „[[Добрата душа од Сечуан]]“, уредно го водел својот „[[Работен дневник (Брехт)|Работен дневник]]“, го завршил својот текст за радио „[[Лукуловото сослушување]]“, ги пишувал своите „дански“ песни и работел на недовршениот роман „[[Работите на господинот Јулиј Цезар]]“. Во 1934 година го објавил романот „[[Роман за три гроша]]“.<ref>Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 183-184.</ref> Воопшто, за време на иселеништвото, тој делувал против [[нацизам|нацизмот]] и [[Милитаризам|милитаризмот]], и тоа како [[драматург]], писател и издавач. Од другите негови дела напишани во емиграцијата, попознати се: „Шути и рогати“, „[[Соништата на Симона Машар]]“ (заедно со Фојхтвангер), „Швејк во Втората светска војна“, „Господарот Пунтила и неговиот слуга Мати“ итн. Во [[1948]] година се вратил во [[Источен Берлин]] и го основал ''Берлинскиот Ансамбл'', кој почнал со работа во [[јануари]] [[1949]] година со претставата „Мајката Храброст“ во која главната улога ја играла [[Хелена Вајгл]], неговата жена и долгогодишна соработничка. Оваа театарска група доживеала светска слава, а особено се истакнала на гостувањата во [[Париз]].<ref>Jovan Ćirilov, „Bertolt Breht i epsko pozorište“, во: Bertold Breht, ''Majka Hrabrost i njena deca''. Beograd: Rad, 1964, стр. 88-89.</ref>
 
.183
Во 1934 година го објавил романот „Роман за три гроша“.184.
 
<ref>Slobodan Glumac, „Brehtov Cezar“ во: Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 185-186.</ref>
 
==„Епскиот театар“ на Брехт==