Работите на господинот Јулиј Цезар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 5:
* ''Прва книга - Кариерата на угледниот млад човек'': Дваесет години по [[смрт]]та на [[Гај Јулиј Цезар]], еден млад историчар го посетува стариот [[банка]]р Мумлиј Спицер, со цел да му ги откупи записите на [[роб]]от Рар, личниот секретар на Цезар. Врз основа на записите, историчарот планира да ја напише [[биографија]]та на Цезар. Спицер, кој бил долгогодишен познаник на Цезар, му раскажува на историчарот за почетокот на кариерата на Цезар при што не се искажува пофално за него. Така, Спицер раскажува дека Цезар постојано се задолжувал, а дека една легенда за младоста на Цезар е далеку од [[вистина]]та. Токму поради големите долгови, Цезар влегол во [[политика]]та и во државната служба. По неколку дена поминати во разговор со историчарот, Спицер му ги предава записите на робот Рар.<ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 5-37.</ref>
* ''Втора книга - Нашиот господин Ц.'':
::* ''Записите на Рар 1'': Во своите записи, напишани во форма на дневник, секретарот на Цезар, робот Рар ги опишува секојдневните активности на Цезар, своите лични настани, како и економските и политичките прилики во [[Римско Царство|Рим]]во втората половина на 91 година. Откако [[Помпеј |Помпеј]] ја освоил [[Азија]], во Рим имало наплив на [[роб]]ови, а тоа довело до намалување на [[Плата|платите]] на работниците и пораст на [[невработеност]]а. Истовремено, започнала борба меѓу римските финансиски кругови и [[Сенат|Сенатот]] за контрола на [[трговија]]та со [[Азија]], а Рим бил соочен со одлив на [[капитал]]от. Во народот владеело големо незадоволство од власта, од [[корупција]]та на Сенатот и од нееднаквоста и тогаш, Цезар се ангажирал во конзулските[[конзул]]ските избори. Пред изборите, тој постојано правел политички сплетки, соработувајќи истовремено со партијата на Сенатот и со групата околу Катилина. Истовремено, тој се впуштил во шпекулации со земјиштето, а покрај тоа ја изневерувал својата жена со сопругата на големиот војсководач Помпеј. Непосредно пред изборите, примил поткуп од [[Катон Постариот|Катон]] и ги изиграл гласачите од демократската партија, така што победила партијата на [[Сенат на Стариот Рим|Сенатот]]. Тоа предизвикало големо незадоволство од превртливото однесување на Цезар. Набргу, по изборите, во Рим започнале немири при што толпата влегла во домот на Цезар и го истепала. По изборите, во Рим се зголемила тензијата, предизвикана од војската на Катилина и од вооружените демократски клубови. Сепак, обидот за преврат пропаднал, по што Сенатот спроведол масовни апсења. Политичката нестабилност предизвикала [[финансиска криза]] и Цезар претрпел голема загуба од шпекулациите со земјиштето, така што неговите долгови се зголемиле уште повеќе. За да излезе од непријатната состојба, користејќи ги своите политички сплетки, тој издејствувал да биде избран за градски [[суд]]ија ([[претор]]). <ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 39-124.</ref>
* ''Трета книга - Класично управување со провинција'':
::* ''Записите на Рар 2'': Вториот дел од Раровите записи ги опишуваат настаните од втората половина на 92 година. Веднаш по стапувањето на судиската должност, Цезар ја запрел истрагата за заверата на Каталина во која бил замешан и тој. Во меѓувреме, војската на Катилина била целосно поразена, а Цезар ја добил на управување Шпанија. Потоа, Спицер му раскажува на историчарот: По поразот на Катилина, моќта на Цезар се зголемила, зашто демократската партија речиси се распаднала, овозможувајќи му да исплива на површината. Кога Помпеј се вратил во Рим, Цезар веќе се подготвувал да замине во [[Шпанија]], но бил притиснат од доверителите кои настојувале да ги наплатат побарувањата од него. Тогаш, Цезар бил во безизлезна положба, но Спицер застанал на неговата страна, овозможувајќи му на Цезар да го уцени Крас, кој бил принуден да гарантира за неговите долгови. Неговото владеење со Шпанија било одбележано со војување против планинските племиња, со соработка со шпанските [[Трговија|трговци]] и со потпирање врз римските [[Банка|банки]]. Сето тоа му овозможило да постигне голем успех во Шпанија и да оствари голема заработка.<ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 125-155.</ref>
::* ''Записите на Рар 2'':
* ''Четврта книга - Троглавата ламја'':
::* ''Записите на Рар 3'': Третиот дел од Раровите записи се однесуваат на настаните од 94 година: За постигнатите успеси во Шпанија, Сенатот му одобрил на Цезар да се врати триумфално во Рим. По враќањето во Рим, Цезар се кандидирал за конзул. За време на предизборниот период, тој повторно правел сплетки со политичките партии, но истовремено се однесувал неодговорно. Сепак, поради сплет на разни околности, тој останал единствен демократски кандидат за конзул.<ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 157-182.</ref>
::* ''Записите на Рар 3'':
 
==Осврт кон романот==