Катица Ќулавкова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 27:
Таа повремено преведува текстови (есеи и поезија) од француски и од српски/хрватски јазик.  Своите текстови во оригинал ги пишува на пишува на [[македонски јазик]].
 
Во 1982 година, Ќулавкова е избрана за асистент при Институтот за литература (сега Институт за македонска литература) на Филолошкиот факултет на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]]. По докторирањето, во 1987 год. се префрла во наставна дејност на Катедрата за општа и компаративна книжевност при [[Филолошки факултерфакултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]] во Скопје, каде што најпрвин е избрана во звањето доцент, потем во звањето вонреден професор, а од 1997 година во звањето редовен професор по предметите Теорија на книжевноста, Методологија на проучувањето на книжевноста, Книжевна херменевтика и Креативно пишување.          
 
Ќулавкова има напишано, приредено и објавено над педесет книги (поезија, раскази), научни студии, збирки есеи и критики, хрестоматии и антологии кои се неодминливи во просудувањето на книжевните феномени, фела, факти и вредности и кои имаат оставено силен печат во профилирањето на новите и релевантни теориско-методолошки концепции на книжевноста, во сите нејзини носечки видови: поетскиот, раскажувачкиот, драмскиот и есеистичкиот.
Ред 33:
Добитник е на книжевните награди: „Димитар Митрев“ (за критика и есеј за книгата ''Мала книжевна теорија''), „Велја кутија“ (за теоретски систем на идеи за книгата ''Теорија на книжевноста, увод''), „Браќа Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“ и „Студентски збор“ (за поезија). Добитник е на највисокото државно признание за животно дело „11 Октомври“ (2014). Добитник е на меѓународно признание за книжевен опус на Друштвото на писателите на Романија (2016).
 
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избрана на 27 мај 2003 година. Во мај 2014 година е избрана за член на Европската академија на науките и уметностите ([[Салцбург]]). Во МАНУ има изведено неколку научноистражувачки проекти од републички и меѓународен карактер, меѓу коишто: „Поимник на книжевната теорија“, „Балканската слика на свет“ (со Полската академија на науките), „Интерпретации“ – Европски истражувачки проект, „Методи на книжевната херменевтика“, „Културните интеграции и стабилноста на Балканот“ (со БАН) и др. Два нејзини проекта се поддржани од УНЕСКО.
 
Член е на Европската Академија на науките и уметностите (од 2014).