Комити Запад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 5:
== Историја ==
[[Податотека:Komiti Skopje 1.jpg|мини|Комити низ улиците на Скопје, кон стадион]]
Комитите се формирани официјално во [[1987]] година, со првото истакнување транспарент со натпис „Комити“ на западната трибина на [[Градски стадион Скопје|градскиот стадион]] во [[Скопје]], на фудбалскиот натпревар од Првата Југословенска лига помеѓу [[ФК Вардар]] и [[ФК Црвена Sвезда]] од [[Белград]]. Вардар како клуб имал поддржувачи од своето основање, но навивачи организирани во навивачка група не постоеле сѐ до тој натпревар. Бројноста на Комитите растела со победите на [[ФК Вардар]] по стадионите низ [[СФРЈ]] над големите југословенски тимови. Во тие години Комити како единствена навивачка група од [[Република Македонија|Македонија]] на секој натпревар добивале засилување и од другите македонски градови. Со распадот на [[СФРЈ]] и формирањето на [[Прва Македонска Лига (фудбал)|македонската лига]], Комити добиле конкуренција од навивачки групи од секој помал град. Комитите добиле забрана за гостувања од некогашниот претседател на [[Фудбалска Федерација на Македонија|ФСМФФМ]], [[Љубисав Иванов - Ѕинго]].
 
По турбулентните времиња на поделби, кон крајот на деведесетите, во 2007, Комитите повторно се обединуваат во една навивачка група, која од овој период до денес го има современиот формат на организирање на навивачките групи во Европа и светот, со повеќе подгрупи, од различни населби, места или друштва, кои сите заедно на истата западна трибина навиваат за Вардар, но имаат и свои налепници, шалови и други материјали покрај единствените со името на групата и клубот. Подгрупи на навивачката група Комити кои се активни денес се: Екипа Пиво, Лојал Фанс, Комити Ченто, Комити Маџари, Комити Кисела Вода, Комити Драчево, S.C.S., 091.