Работите на господинот Јулиј Цезар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
→‎Содржина: дополнување
Ред 5:
* ''Прва книга - Кариерата на угледниот млад човек'': Дваесет години по [[смрт]]та на [[Гај Јулиј Цезар]], еден млад историчар го посетува стариот [[банка]]р Мумлиј Спицер, со цел да му ги откупи записите на [[роб]]от Рар, личниот секретар на Цезар. Врз основа на записите, историчарот планира да ја напише [[биографија]]та на Цезар. Спицер, кој бил долгогодишен познаник на Цезар, му раскажува на историчарот за почетокот на кариерата на Цезар при што не се искажува пофално за него. Така, Спицер раскажува дека Цезар постојано се задолжувал, а дека една легенда за младоста на Цезар е далеку од [[вистина]]та. Токму поради големите долгови, Цезар влегол во [[политика]]та и во државната служба. По неколку дена поминати во разговор со историчарот, Спицер му ги предава записите на робот Рар.<ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 5-37.</ref>
* ''Втора книга - Нашиот господин Ц.'':
::* ''Записите на Рар 1'': Во своите записи, напишани во форма на дневник, секретарот на Цезар, робот Рар ги опишува секојдневните активности на Цезар, своите лични настани, како и економските и политичките прилики во [[Римско Царство|Рим]]. Откако [[Помпеј |Помпеј]] ја освоил [[Азија]], во Рим имало наплив на робови, а тоа довело до намалување на [[Плата|платите]] на работниците и пораст на [[невработеност]]а. Истовремено, започнала борба меѓу римските финансиски кругови и [[Сенат|Сенатот]] за контрола на [[трговија]]та со Азија, а Рим бил соочен со одлив на [[капитал]]от. Во народот владеело големо незадоволство од власта, од [[корупција]]та на Сенатот и од нееднаквоста. Во тој период, Цезар бил многу задолжен, но постојано трошел. Тогаш, тој се ангажирал во конзулските избори.<ref>Bertolt Breht, ''Poslovi gospodina Julija Cezara''. Beograd: Rad, 1987, стр. 39-60.</ref>
::* ''Записите на Рар 1'':
* ''Трета книга - Класично управување со провинција'':
::* ''Записите на Рар 2'':