Фредерик Мистрал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 65:
Во својот расказ „Поетот Мистрал“, писателот [[Алфонс Доде]] го опишува Мистрал како „[[Индијанци|Индијанец]] во градски костум... со голема шапка која го притискаше како неговата слава“, со „блескави [[очи]], [[Јаболчна коска|јаболчници]] зарвенети од инспирација“, со „балга насмевка, убав како некој грчки овчар“.<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 130.</ref>
 
== Творештво ==
== Делото на Мистрал ==
Мистрал оставил обемно творештво, кое по својата тематика е регионално, но со својата убавина и ведрина ги надминало провансалските и француските граници и станало дел од светската [[книжевност]]. Неговото најважно дело е поемата „[[Миреј]]“ која претставува епопеја на руралната [[Прованса]], како и [[еп]]от „[[Календау]]“ (''Calendau'' или ''Calendal'') во кој е опеана приморската Прованса.<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 14.</ref> Исто така, позната е неговата збирка со лирски песни, „[[Златните острови]]“ (''Lis Isclo d'or'').<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 15.</ref>
 
Ред 92:
Мистрал е автор на [[Lou Tresor dóu Felibrige|Провансалско-француски речник]] (1878-1886), кој до денеска е најбогатиот речник на провансалски јазик и со најточни одредници. Тоа е двојазичен речник во два големи тома, кој ги опфаќа и дијалектите на провансалскиот јазик. Речникот е направен со поддршка на локални соработници и за секој збор дава варијанти од самиот провансалски, потоа превод на главните романски јазици како и соодветни изрази и цитати за определен збор.
 
===„Календау“===
=== ''Миреј'' и Нобеловата награда за литература за 1904 година ===
Епот „Календау“ мистрал го пишувал седум години и дури и кога го завршил, тој го одложил неговото објавување до [[Божиќ]] и во тој период правел ситни поправки. Во расказот „Поетот Мистрал“, писателот [[Алфонс Доде]] ја опишува својата посета на Мистрал во неговиот дом во Мајан при што со возбуда го читал ракописот на „Календау“ кој бил напишан шест месеци претходно.<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 131.</ref> Во епот се опишуваат неверојатните потфати на [[Рибарство|рибарот]] Календау направени со цел да ја освои убавата Естрела. Така, во една прилика, за да се збогати, Календау измислил голема направа за риболов и така ги фатил сите [[риби]] од морето. Другпат го избркал страшниот разбојник, [[гроф]]от Северан. Еден ден, тој сретнал две групи луѓе кои дошле на гробот на мајсторот Жак со намера да се пресметаат со ножеви, но Календау успеал да ги смири. Исто така, храбриот Календау отишол во непристапната шума во која ниту еден дрвар не се осмелувал да појде и таму останал цел месец, успевајќи да ја исече целата [[шума]]. Најпосле, како награда за неговите храбри дела, Календау ја добил раката на Естрела, а жителите на Касис го именувале за свој конзул.<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 133.</ref> Опишувајќи ги подвизите на храбриот рибар, Мистрал всушност ја опејува родната Прованса која, според Доде, вечно ќе живее во епот „Календау“.<ref>Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 134.</ref>
 
=== ''Миреј''„Миреј“ и Нобеловата награда за литература за 1904 година ===
Негово главно дело е ''[[Миреј]]'' (''Mirèio'' или ''Mireille''), објавено во 1859 година, по осум години творечки напори. ''Миреј'' е долга поема на [[провансалски јазик]], напишана во стихови и во дванаесет пеења, која зборува за забранетата љубов на Венсан и Миреј, двајца млади кои потекнуваат од различни општествени средини. Името „Миреј“, на провансалски Мирејо, е [[doublet lexical|јазичен дублет]] од зборот „меравијо“ што значи „чудо“. За Мистрал, тоа е можност да го прикаже провансалскиот јазик но исто така и да ја сподели и културата на една област кога зборува за други јазици. Во предговорот на својата поема стои и кратко „Објаснување за провансалскиот изговор“.