Урвич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ставена Категорија:Горанци користејќи го HotCat
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
== Географиja и местоположба ==
Урвич е село во [[општина Камењане]]. Од градот [[Тетово]] селото е одалечено 23км југозападно.
 
== Историja ==
Урвич во 18ти век било воглавно населено со население кое било доселено од [[Гора (област)|Гора]] и малку од [[Албанија]].
 
== Економија ==
 
== Демографија ==
Во 2002 година во селото живееле 756 жители.
 
=== Родови ===
Урвич е горанско село.
 
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
 
* ''Ѓуклевци (7 к.)'' '''староседелци'''. Они се единствени староседелци во селото. Исламот го примиле во 18ти век. Они имаат православни Македонци како роднини во Градот [[Тетово]]. И од денешните Ѓуклевци има иселеници во [[Тетово]] (две семејства).
* ''Јудинци (36 к.)'' доселени се од селото [[Рестелица]] во [[Гора (област)|Гора]]. Доселени се во втората половина на 18ти век. Викаат дека и сега во Рестелица постои Јудинска маала, каде они порано живееле. Имаат иселеници во [[Боговиње]], [[Синичане]], [[Тетово]] (седум семејства), [[Турција]] (десет семејства) и во поранешна [[Чехословачка]] (едно семејство).
* ''Чупкинци (2 к.)'' гранка се од претходниот род.
* ''Шеановци (9 к.)'' доселени се од некое село во [[Гора (област)|Гора]]. Имаат иселеници преку 10 семејства во [[Горно Седларце]], [[Голема Речица]], [[Тетово]], [[Бугарија]] и [[Турција]].
* ''Борјанци или Потуровци (29 к.)'' доселени се од [[Гора]]. Поточно од селото [[Борје]] кое сега се наоѓа во Албанија. Имаат иселеници во [[Синичане]], [[Тетово]] (едно семејство) и во [[Соединети Американски Држави|САД]] (едно семејство).
* ''Сиџимовци (13 к.) и Левичаровци (7 к.)'' доселени се од некое село во [[Гора (област)|Гора]]. Порано биле еден род. Од Сиџимовци има иселеници во [[Тетово]], [[Јеловјане]] и [[Турција]].
* ''Рзовци (3 к.)'' доселени се од селото [[Борје]] во [[Гора (област)|Гора]]. Имаат иселеници во [[Тетово]] (едно семејство).
* ''Паљузинци (6 к.)'' доселени се од некое село во Гора. Ја знаат следната генеологија Мемет (жив на 75 год. во 1948 година) Беќир-Белул, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во [[Турција]].
* ''Ајдаровци (7 к.)'' доселени се од некое село во [[Гора (област)|Гора]]. Ја знаат следната генеологија Исмаил (жив на 50 год. во 1948 година) Идриз-Несим-Зубер, кој се доселил.
* ''Царевци (13 к.)'' најстари доселеници во селото. Кога дошле зборувале албански, но мешајќи се со Горанците го примиле македонскиот јазик. Доселени се од [[Љусна]] во [[Албанија|северна Албанија]]. Имаат иселеници во [[Долно Палчиште]], [[Синичане]], [[Челопек (Тетовско)|Челопек]], [[Горно Седларце]], [[Голема Речица]], [[Бугарија]] и во [[Турција]].
* ''Мета (21 к.) и Тушевци (14 к.)'' некои кажуваат дека се доселени од [[Љусна]], а други од [[Матија (округ)|Матија]] во [[Албанија]]. Овде живеат од крајот на 18ти век. Од Мета има иселеници во [[Камењане]], [[Тетово]] (шест семејства), [[Скопје]] (четири семејства) и во [[Турција]] (пет семејства). Од Тушевци има иселеници во Тетово (шест семејства) и во Бугарија (две семејства).<ref>{{Наведена книга|title=Полог|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=САНУ|year=1974|isbn=|location=Белград|pages=}}</ref>
 
== Општествени институции ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Урвич