Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Каролина.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Túrelio поради: Copyright violation: http://www.fanphobia.net/profiles/karolina-goceva/.
Ја заменувам страницата со '{{Ве молиме експериментирајте под овој ред, благодариме.}} '''''Добредојдовте на...'
Ознаки: Заменето Изворно уредување 2017
Ред 1:
{{Ве молиме експериментирајте под овој ред, благодариме.}}
[[Податотека:Сопственост 2.jpg|мини]]
'''''Добредојдовте на песокот на Википедија!'''''
]]
[[Податотека:Раде Шербеџијја.jpg|мини|Актерот Раде Шербеџија со Охридски Бисер]]
== Охридски бисер - Михајло Филев ==
 
Охридскиот бисер е еден уникатен производ составен од две природни материи: основа од школка и емулзија за премаз изработена од крлушките на охридската риба плашица.
Именување на Охридскиот бисер: Самото име укажува на потеклото на Охридскиот бисер, т.е од Охридското езеро, од градот Охрид, Република Македонија
[[Податотека:Филеви.jpg|мини]]
Пронаоѓач, изумител на Охридскиот бисер: Јован Субановиќ.
Јован Субановиќ потекнувал и живеел во Бајкал, покрај Бајкалското Езеро во Русија. Во неговото делување во Русија тој бил дел од „белогардејците“ во Руската граѓанска војна која се водела од 1917-1923 година. Во таа граѓанска војна белогадрејците се бореле против Црвената Армија и воспоставување на нов поредок во царска Русија. Сепак низ самиот тек и по Октомвриската револуција, белогардејците биле принудени на егзил. Токму на таков егзил се одлучил и Јован Субановиќ кој дошол во градот Охрид.
Наследници на тајната формула и Изработувачи на оригиналниот охридкси бисер: Фамилија Филеви и Талеви
Година на создавање на првиот охридски бисер: 1924 година во фамилија Талеви и 1928 година Фамилија Филеви
Начин на изработка: Школката е основата за охридскиот бисер, и тоа внатрешноста, срцевината на школката што се нарекува мајка школка или „мадра перла“. Премазот или емулзијата која се изработува од крлушките на рибата плашица, која е ендемски вид на риба во Охридското Езеро се нанесува врз бисерот.
[[Податотека:Филеви 2.jpg|мини]]
Прв изработувач на Охридскиот Бисер во Фамилија Филеви: Како зачетник во изработката на Охридскиот бисер е Никола Филев, а потоа постепено начинот и тајната формула за изработка на бисерот ја наследуваат: Михајло Филев постариот, Никола и Павел Филеви, Михајло Филев.
Охридски Бисер од Михајло Филев: Михајло Филев е роден 1981 година, а од свои најмали нозе бил присутен при изработувањето на Охридскиот Бисер.Самиот тој истакнува дека впрочем Охридските бисери, ѓердани и разновидни други накити му преставувале прва пасија. Михајло Филев постојано бил во работилницата и на својот татко Никола каде што помагал при изработувањето на Охридскиот бисер. Тајната формула која е оставена како аманет во фамилијата Филевци почнувајќи од првата генерација Никола, втората генерација Михајло Филев, третата генерација Никола и Павел и четвртата генерација Михајло Филев ја наследил на своја 18 годишна возраст. Токму поради подобра афирмација на Охридскиот бисер и полесна достапност до купувачите Михајло Филев отвора свој самостоен дуќан за Охридски бисер во 1996 година наречен „Антица 1“.
Михајло Филев започнува и нови предизвици и компонирање но свесно и зачувување на значајни стари занаети со Охридскиот бисер, а пред се филигранството.За својата дејност при изработката на уникатниот Охридски бисер и филигранството, Михајло Филев добил многу признанија и сертификати од учество на голем број туристички и културолошки саеми.Во 2004 година Михајло Филев го отвара и својот втор продажбен салон во градот Охрид, наречен „Антица 2“ на ул. Цар Самуил бр. 20, со што станува подостапен за големиот број на заинтересирани клиенти за Охридскиот Бисер.
 
Претставникот на четвртата генерација мајстори за изработка на Охридски бисер Михајло Филев исто така започнува со новитети кои уште повеќе го афирмираат брендот Охридски бисер како што се бисери во темна боја, во различна форма и слично.Она што е особено значајно е дека Михајло Филев при изработка на Оригинални Охридски бисери успешно ја афирмирал дејноста од неговите претци но исто така во секој сегмент успева да го афирмира на секој можен начин и неговиот роден град Охрид и Република Македонија. Затоа многу често Михајло Филев го добива и епитетот културен амбасадор на градот Охрид. Сакајќи да ја прикаже семејнат аисторија во изработката на оригиналниот охридски бисе Михајло Филев во склоп на својот трет дуќан Антица 3 вметнува и посебно музејско катче преку кое на посетителите и љубителите на оригиналниот Охридски бисер му е презентирана преку фотографска и пишана документација како и преку сертификати и одредени бисерни модели дел од семејната историја на оригиналниот охридски бисер.
 
Во 2014 година Михајло Филев за својот занает согласно законските прописи од Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија по претходно барање добива: „РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ТРГОВСКА МАРКА“
На 25.05.2012 година Михајло Филев од Државниот завод за индустриска сопственост добива РЕШЕНИЕ за стоковна, и услужна, индивидуална марка со што Охридскиот бисер кој е изработен од Михајло Филев станува и заштитен бренд.
Со овој чекор Михајло Филев на некој начин покрај што го зачувал и негува занаетот од своите претци но и го заштитил продуктот за идните генерации мајстори за изработка на Охридски бисер од фамилијата Филевци.
Еден од најзначајните документи исто така преставува РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ГЕОГРАФСКИОТ ПОИМ „Охридски Бисер“ добиено на 19.06.2013 година од страна на Државниот завод за индустриска сопственост.
[[Податотека:Сидни.jpg|мини|Светски познатиот писател Сидnи Шелдон со Охридски Бисер од Михајло Филев]]
 
Како се чува охридскиот бисер:
Бисерот го вбројуваат во посебна категорија накит како што се топазот, кварцот, како фосилен накит каде што природната материја е без рок на траење. И емулзијата како материја со природна основа доколку добро се чува, доколку е добро конзервирана и изолирана од ниски и високи температури, може да се смета дека е трајна.
Значи кога бисерите добро се чуваат, ќе останат убави за многу генерации. Најголем непријател на бисерот се хемикалиите од козметичките препарати, особено парфемите, кои за разлика од минатото, кога се изработувале на поприродна база, денес се составени од многу хемиски супстанции. Алкохолот кој е застапен во нив во поголем процент го разградува бисерот. Пред да се стави бисерниот накит, најдобро е да се заврши шминкањето, прскањето со парфеми и лакови за коса. Заради неговата осетливост најдобро е воопшто да не доаѓа во директен допир со било каква хемикалија.
И човечката кожа, односно потта може да допринесе за оштетување на бисерот. Затоа се работи на превенирање со користење посебни природни глазури, смоли на бисерот за да не се дозволи бутерната киселина од потта да го нагризе бисерот. После носењето пожелно е да се избрише бисерот со меко крпче, кое може да биде влажно или суво.
Во природна средина, без допир со хемикалии, мајсторите даваат гаранција дека охридскиот бисер може да издржи до 150 години, речиси како и другите природни бисери. Тие чуваат примероци од првите изработени охридски бисери од нивните претци пред речиси осум децении кои воопшто не се оштетени и не се никогаш репарирани.
Високи температури, вжештена пареа, солена вода можат да наштетат на охридскиот бисер.
Влагата не претставува опасност за бисерите. Напротив, на бисерите им е потребен влажен воздух. Да не се чуваат на многу топло и суво место, зошто не можат да дишат и да ја добијат потребната влага.
Бисерите се чуваат во мека платнена вреќичка подалеку од остри предмети кои може да им наштетат. Понекогаш е потребо да се смени конецот на кој се нанижани. Но, некогаш е потребно и одново да се премачкаат.
При носењето на бисерот во комбинација со накит од друг материјал, особено метален може механички доста да се оштети.
Доколку бисерите од било која причина се оштетат, со сертификатот што се добива кога се купуваат има и гаранција.