Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
Ред 1:
{{внимание}}
'''Историјата на уметност''' се однесува на визуелната уметност која може да се дефинира како секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот. Низ времето уметноста е класифицирана на различни начини, од средновековното разликување помеѓу либерална уметност и механичка уметност, до современата разлика меѓу ликовна и применета уметност или многуте современи дефиниции кои ја дефинираат уметноста како манифестација на човечката креативност. Подоцнежното проширување на листата на главна уметност во 20 век , достигна до 9- архитектура, танц, скулптура, музика, сликарство, поезија (што е опишана во голема мера како форма на литературата со естетска цел или функција која исто така вклучува различни жанрови на театар и расказ), филм, фотографија и стрипови. Во концептуалното преклопување на одностот меѓу ликовната и визуелната уметност беа додадени дизајнот и графичката уметност. Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.
[[Податотека:La_creación_de_AdánMichelangelo, Creation of Adam 01.JPGjpg|thumb|Создавањето на Адам (1508-1512, Микеланџело,Сикстинската Капела (Ватикан)]]
 
Историјата на уметноста е мултидисциплинарна наука, која бара објективно испитување на уметноста низ времето, ги класифицира културите, создава периодизации и ги набљудува специфичните и влијателни карактеристики на уметноста. Изучувањето на историјата на уметност првично е развиено во ренесансниот период, со својот ограничен опсег како уметничко производство на западната цивилизација. Меѓутоа како што поминува времето, се воведува поширок поглед на уметничка историја, барајќи сеопфатен преглед на сите цивилизации и анализа на уметничката продукција во смисла на сопствените културолошки вредности (културолошки релативизам), а не само западна историја на уметност.