Димитар Богоевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
референца
Ред 20:
 
Во текот на своето образование, Димитар Богоевски се истакнувал со својот талент за цртање, резбарство, како и со својата поезија. Како поет, тој за првпат се пројавил во [[1935]] година во прогимназијата во Ресен.
Додека се школувал во [[Битола]], Мите Богоевски бил доста активен. Станал член на управата на Литературната дружина „Иван Гундулиќ“, бил еден од раководителите на младинското раководство во Академијата и доста активен во работата на „Црвената помош“. Во [[1936]] година, во Трговската академија во Битола, основал кружок за запознавање на прогресивната литература, а во [[1937]] година станал член на [[СКОЈ]]. Во овој период тој го напишал рефератот „За праведните и неправедните војни“, сатиричната песна „Имела“ во која ја исмејува богатата класа и конечно се ориентирал кон пишување на Македонски јазик. Во [[1938]] година, Богоевски веќе имал напишани педесетина песни, меѓу кои и познатата „Спроти Илинден“.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://macedonism.org/Македонска-Енциклопедија/богоевски-мите/|title=БОГОЕВСКИ, Мите {{!}} {{!}} Македонска Енциклопедија|language=mk-MK|accessdate=2019-05-26}}</ref>
За време на студиите на Високата комерцијална школа на Белградскиот универзитет [[1939]]/[[1940]] година, тој станал член на [[КПЈ]]. Тогаш го пишувал својот незавршен и необјавен роман „Аристиди Бријана“.
Во [[1940]] година Богоевски се вратил во родното село и станал член на МК на КП на Ресен.