Роберт Музил: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Use dmy dates|date=December 2013}} {{Infobox writer <!-- for more information see Template:Infobox writer/doc --> |name = Роберт Музил...
(нема разлика)

Преработка од 20:17, 21 мај 2019


Роберт Музил (германски: Robɛrt ˈMuzɪl или ˈMusɪl; 6 ноември 1880 – 15 април 1942) беше австриски писател со филозофска ориентација. Неговиот незавршен роман Човекот без својства (германски: Der Mann ohne Eigenschaften) се смета за еден од најважните романи на дваесеттиот век[1].

Роберт Музил
Музил во 1900 година
Роден/а6 ноември 1880(1880-11-06)
Клагенфурт, Австро-Унгарија
Починат/а15 април 1942(1942-04-15) (возр. 61)
Женева, Швајцарија
ЗанимањеКнижевност
НационалностАвстриец
Апсолвент наУниверзитет во Берлин
Период1905–42
ЖанрЛитературна фикција
Книжевно движењеМодернизам
Потпис
мрежно место
http://www.robertmusil.net/


Биографија

Музил е роден во Клагенфурт, Карантанија, бил син на инженерот Алфред Едлер фон. Бил крстен како Роберт Матијас Музил а неговото официјално име било Роберт Матијас Едлер фон Музил негова мајка бил Хермине Бергавер. Од 1892 до 1894 година учел воен интернат во Ајзенштат а потоа во Хранице (Прешевски округ) (1894-1897). Доживувањата од школувањата во воените интернати се рефлектирале во неговиот прв роман Заблудите на питомецот Торлес[2].

По дипломирањето, Музил студирал на воената академија во Виена во текот на есента 1897 година, но потоа се префрлил на Техничкиот универзитет во Брно. За време на техничките студии, пројавил голем интерес за книжевноста и филозофијата, а по завршувањето работел како асистент - волонтер на Машинскиот факултет.

Незадоволен од својот инжинерски позив, запишал и завршил докторки студии по психологија и филозофија.

Од почетокот на 1920-тите, Музил претежно живеел во Берлин, но, исто така не ги прекинувал и релациите со Виена.

За време на нацизмот, биле забранети неговите дела. Од 1939 година, заедно со својата сопруга, Марта, еврејка по потекло, заминале во егзил во Швајцарија, каде и што починал на возраст од 61 година во 1942 година.

Творештво

 
Портрет на Роберт Музил - Музеј на Музил во Клагенфурт

Првата книга на Роберт Музил е романот Заблудите на питомецот Торлес, објавен во 1906 година. Во 1911 година ја објавил книгата збирка на раскази Соединенија, како и есејот Непристојното и болното в уметноста во 1918 година. Во 1924 година, ја објавил книгата Три жени, а во 1933 година го објавил зборникот на есеи Посмртни творби при живот.

Романот Човекот без својства е едно од големите ремек-дела на европската литература од XX век. Човекот без својства е мајсторски изградена мешавина од роман, есеј, политичка сатира, историска хроника и филозофска расправа и токму поради тоа преставува вистински интелектуален предизвик за секој читател, но исто така и неизбежна лектира за секој сериозен познавач на книжевноста. Врз него работел една деценија од 1933 до неговата смрт 1942 година. Романот е монументален и по обемот на страниците, пишуван на над 1700 страници.

Роберт Музил, во своето севкупно творештво се движи убедливо, длабоко внесувајќи литературни постапки и стилови коиу се во една паралелна линија, особено со творештвото на Џемс Џојс. Во неговата мисловна полифонија и невообичаена, оригинална и индивидуална сложена метафорична структура, тој го продолжува наследството на Марсел Пруст, со што заедно со Џојс, се всушност основните, фундаментални темели и столбови врз кои ќе се потпри и ќе се изградува целата современа модерна европска и светска литература од почетокот на дваесеттиот век до денес[3].

Награди

Добитник бил на значајните литературни награди, наградата - Хаинрих фон Клајст во 1923 година, Уметничката награда на градот Виена во 1924 година и наградата Герхарт Хауптман во 1929 година.

Ве негова чест градот Виена ја доделува угледната и афирмирана награда Роберт Музил[4]..

Библиографија

 
Григија (1923)


  • Заблудите на питомецот Торлес, роман, 1906[5].
  • Придонес кон проценката на учењата на Лехрен Мах (инаугуративна дисертација), 1908
  • Асоцијации, две приказни, 1911
  • Патници, раскази, 1921
  • Григија, новела, 1923
  • Три жени, новела, 1924
  • Човекот без својства, роман, 1931/32 - 1942
  • Имот за време на животот, 1936

Наводи

Надворешни врски