Бич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
P.Nedelkovski ја премести страницата Бич на Бич (село): раздвојување со Бич
Ознака: Ново пренасочување
 
нова страница
Ознака: Отстрането пренасочување
Ред 1:
[[Податотека:Stockwhip2.jpg|мини|десно|Флексибилен бич]]
#пренасочување [[Бич (село)]]
[[Податотека:Riding crop.jpeg|мини|десно|Крут бич за јавање]]
'''Бич'''<ref>{{ДРМЈ|бич}}</ref> или '''камшик'''<ref>{{ДРМЈ|камшик}}</ref> ({{lang-tr|kamçı}}) – направа од впреден [[коноп]] или [[кожа]], прицврcтен за дршка што служи за бичување, за терање [[добиток]] и сл. Оваа [[алат]]ка луѓето традиционално ја користат за да воспостават контрола над [[животно|животни]] или други луѓе со нанесување болка или со застрашување. Во некои активности бичевите се користат без нанесување болка, како средство за застрашување при дресура (доволно е животното да го види или чуе камшикот, на пример во [[циркус]]ите).
 
Постојат главно два вида камшици, крути кои се дизајнирани за директни удари (на пр. ги користат [[џокеј|џокеите]]), или флексибилни кои мора да се замавнат на посебен начин за да бидат ефикасни, но досегот им е поголем. Тие бичеви се комбинација од цврст и флексибилен дел какви што се бичевите за коњи кои влечат приколки.
 
Во светот се одржуваат и натпревари кој умее подобро да „пука“ со бичот. Под „пукање“ се подразбира звукот кој се слуша кога се користи камшикот.
 
Поголемиот број бичеви се направени за употреба на животни, но постојат и бичеви кои се посебно дизајнирани за бичување на луѓе како средство за телесно казнување или мачење. Бичувањето може да биде и дел од верска пракса (самобичување), или со одобрување на лицето кое се бичува во текот на [[мазохизам|мазохистички]] активности.
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Алати]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бич